Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Србија не е вмешана во заплената на пет тони марихуана со потекло од Македонија, тврди Вучиќ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
Screenshot-2023-09-28-at-23.51.03

Српскиот претседател Александар Вучиќ тврди дека Србија не е вмешана во поседувањето на петтe тони марихуана со потекло од Македонија.

— реклама —

Тој изјави дека неговите противници „сè превртеле наопаку“, па сега тврдат дека во скандалот околу откриените пет тони марихуана – стои државата.

— реклама —

„Пред неколку дена, луѓе од Управата за криминалистичка полиција пронајдоа пет тони некаква дрога. А сега дали само синот или и синот и таткото знаеле за тоа, тоа е друго прашање, нека утврдат надлежните органи, нема да претпоставам ништо. Ние ја спроведовме таа акција“, рече Вучиќ, за ТВ Пинк, зборувајќи за запленувањето на пет тони марихуана на имот на локален функционер на владејачката Српска напредна партија (СНС) на Вучиќ.

— реклама —

Тој изјави дека неговите противници сега велат: „бидејќи не е на насловната страница на ниту еден од таблоидите, државата сигурно е вмешана во тоа“.

Пет лица се осомничени во случајот со рекордната заплена на повеќе од пет тони марихуана пронајдени во четвртокот во селото Коњух, во близина на Крушевац, и  се бранеа со молчење пред Обвинителството за организиран криминал на Србија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryvouv9thcrv0q1KAQISu

Македонија поразена од Данска, ги загубивме шансите за пласман на Светското првенство

Спорт | пред 3 дена

media-library17cmrulfmv80flLPSNQ

Уапсен Македонецот кој усмрти пешак во Србија и избега

Македонија | пред 4 дена

goveda

Шест волови од Македонија предизвикаа проблем на бугарската граница

Македонија | пред 4 дена

media-librarynp76j16e6co3eaavQc9

Уапсен Македонец во Грција, возел мотоцикл со 223 км/ч на автопат, треба да плати и казна

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања