Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Стефковски: Програма со главен фокус на детска заштита, нула комуналии за изградба на индивидуални објекти за млади брачни парови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-library3cigtskfrijr1ZkE64d

Бобан Стефковски, кандидат за градоначалник за општина Гази Баба, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, денес гостуваше во дебатната емисија „Локални избори 2025 - изборни соочувања“ на МРТ1 и кажа дека изминатите четири години одговорното, чесното и транспарентно работење резултираше со реализација на проекти во сите населени места, водејќи сметка за рамномерен регионален разој на општина Гази Баба. Стефковски истакна дека неговата програма опфаќа вкупно 505 проекти за наредниот период од четири години со главен фокус на детската заштита и изнесе дел од истите.

„Покрај тоа што во моментов се градат градинки во Трубарево и Инџиково, предвидуваме изградба на детска градинка во Керамидница, Хиподром 2, Сингелиќ и Маџари. Изградба на спортски сали и подобрување на спортската инфраструктура предвидуваме во Ченто, Железара, Сингелиќ, Страчинци и да се обнови онаа фискултурна сала во студентскиот дом „Стив Наумов“. Изградба на фекална канализација во населените места Раштак, Виниче, Булачани, Брњарци и Ергеле. Потоа катни гаражи во Автокоманда и во Ченто“, рече Стефковски и додаде:

— реклама —

„Она што ме радува, ветуваме еден проект за младите брачни парови, а тоа е нула комуналии за изградба на индивидуални објекти за младите брачни парови до 29 години, изградба на амбуланта во Автокоманда, субвенции на граѓаните за енергетско ефикасни фасади во колективните згради, за набавка на клими, сончеви колектори, велосипеди. И продолжување на модернизацијата на јавното комунално претпријатие како вистински сервис на граѓаните“.

Стефковски се осврна и на оние проекти кои значат развој и унапредување на општината во делот на мобилност и инфраструктура ги додаде и капиталните проекти содржани во неговата програма, а кои се во насока на решавање на сообраќајниот метеж во општината Гази Баба.

— реклама —

„Изградба на булевар Хрватска во првата фаза од Бутел до Железара и потоа во втората фаза од Железара до Автокоманда, доизградба на булеварот АСНОМ, клучка на булеварот Александар Македонски којашто ќе ја поврзе новата населба Хиподром 2 и индустриската зона Инџиково, комплетна реконструкција на регионалниот пат 1102 којшто води од Ергеле до Дрма, комплетна реконструкција на регионалниот пат којшто води од Хиподром 2 до Илинден и реконструкција на регионалниот пат Јурумлери- Драчево“, заклучи Стефковски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryb766v9mr1t78dpbpJfe

ВМРО-ДПМНЕ: СДС избра статус кво, Заев и натаму ги држи конците

Македонија | пред 55 минути

— реклама —
media-library4r2ei7icocg038e47y2

ВМРО-ДПМНЕ: Тајни средби на Димитријевиќ во Скопје со српските опозиционери Бранко Ружиќ и Јован Ратковиќ за формирање на опозициски фронт по инструкции на Заев и Башановиќ

Македонија | пред 58 минути

media-libraryg0o62t6ufrm1fsCBLK2

Мицкоски од Виена: Определбата на Владата е јасна, градиме економија што создава, а не само троши

Македонија | пред 18 часа

media-libraryb766v9mr1t78dpbpJfe

ВМРО-ДПМНЕ: Обидите за дискредитација нема да ја промени реалноста дека СДС се соочува со сопствениот политички крај, а ВМРО-ДПМНЕ ја гради иднината

Македонија | пред 19 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања