Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Штипскиот угостител кој пијан си ја уби мајка му осуден на доживотна робија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library3drc22kavicg6DC48wl

Доживотен затвор доби Стојанче Зарков, штипјанецот кој во август минатата година во алкохолизирана состојба ја уби сопствената 84-годишна мајка.

Зарков на рочиштата од судењето за убиството тврдеше дека не се сеќава дали ја убил мајка си.

— реклама —

Обвинетиот претходно даде исказ дека не се сеќава дали тој ја убил својата мајка или не. Пред судот изјави дека тој ден, на 8 август минатата година, ги извршувал секојдневните обврски, купил јадење и лекови за неговата мајка и излегол на кафе. Вечерта дома се вратил со такси возило. Потоа вели дека бил во другата соба кога неговата мајка почнала да вика, а кога влегол кај неа забележал дека од вратот и тече крв. Повикал брза помош, а дошле и полиција и јавен обвинител. Кога се јавил на бројот за итни случаи за да побара помош, Зарков се обратил со зборовите „ја прободев несакајќи мајка ми, или ќе преживее или нема“.

Со вештачењето на ножот и ДНК анализата на отисоците и крвта на ножот, неприкосновено беше докажано дека извршител на убиството е Зарков.

— реклама —

Стојанче Зарков меѓу штипјани е познат како поранешен угостител, препознатлив по кафеаната „Гроф“, која долги години работеше во штипската чаршија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryvrbhgu7dvfqoaKqkvLp

На 18 април во Штип: 41-от „Марш на ангелите“ во знак на сеќавање и правда

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-library8u9doulitqrt7ni5Lus

(Видео) Огромен пожар во Штип, кози и јариња спасувани од под купишта отпад

Настани | пред 1 месец

media-libraryoj0e0n8hasp6dG6Kzlq

Пет години затвор и трајно протерување за помагачите во убиството во Штип

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања