Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

„Стив Џобс се крие во Египет откако ја лажирал сопствената смрт“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Магазин
steve-jobs

Една интересна и навидум обична фотографија објавена на Reddit ги разбранува духовите на обожавателите на теории на заговор. Фотографијата на која седи маж кој неодоливо потсетува на починатиот технолошки гигант, Стив Џобс, ги активираше заговорничките умови да тврдат дека тој беше доволно моќен, богат и луд за да стори такво нешто како лажирање на својата смрт и да го излаже целиот свет.

— реклама —

На интернет се појави фотографија направена во Египет на која се гледа човек кој многу наликува на починатиот основач на „Епл“ Стив Џобс. Фотографијата ги предизвика теоретичарите на завери да излезат со тврдења дека милијардерот ја лажирал својата смрт и сега си крие во оваа африканска земја.

— реклама —

Илјадници корисници на социјалните мрежи откако ја виделе сликата сега тврдат дека Стив Џобс кој во 2011 година почина од рак е жив.

— реклама —

Инаку, на фотографијата направена во Египет се гледа човек кој многу наликува на Џобс како замислено седи на бело пластично столче облечен во традиционална египетска одора. Човекот е сликан од профил , носи очила и навистина многу личи на починатиот милијардер.

Теоретичарите на завери сега веруваат дека починатиот ИТ стручњак ја лажирал својата смрт и сега живее во оваа африканска земја.

„Стив Џобс беше толку богат и луд што би можел да ја лажира својата смрт и да се сокрие во Египет, е коментар на еден теоретичар на завери.

Сликата прв ја пренел познатиот сајт „Редит“ под наслов „Стив Џобс се крие во Египет откако ја лажирал сопствената смрт“.

Овој наслов предизвика хистерија на интернет со неколку илјади прегледи и коментари.

Многу од фановите на Џобс сега веруваат дека тој е жив.

Извор: Таратур.мк

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања