Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Стоилковски: Денеска е 14-ти ден на колапсот на Хирургија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Naum-Stoilkovski-10.07.2023

,,Денеска е 14-ти ден од колапсот на Хирургија и колапсот на сиот здравстен систем во Македонија.

— реклама —

14-ти ден! И ден - петок. Што значи, со СДС/ДУИ, уште најмалку 4 дена, и тоа оптимистички, проблемот ќе трае. Бидејќи за нив нели, викендот мора да се истера, има поважни работи, како внатрепартиските интриги.

— реклама —

Почитувани, ова е вистинското светло во коешто ќе блеснеше и иднината заедно со европскиот фронт. 14-ти ден на колапсот на Хирургија, ден петок, а со СДС/ДУИ тоа значи уште најмалку една недела блокада на здравството.

— реклама —

14 дена. Ништо не е преземено, здравството во цела држава е во колапс.

14 дена, министерот Илир Демири ја префрла топката те на ЈО, те на колективна одговорност - владата на СДС/ДУИ.

Од 12 директори и раководители, најголем број од нив по 7 години на таа позиција, не изустија ни збор, ниту чувствуваат одговорност, а се недопирливи за Илир Демири. Раководители по 7 години за што најмалку по два пати можеле да преземат акција да се санира Хирургија во целост.

Срамно и недостоинствено, но својствено за СДС/ДУИ, нема грам грижа за пациенти, нема брза реакција да се санира Хирургија, ама има брза реакција за има провизии за вакцини, провизии за модуларни, црна трговија со лекови за рак.

14 дена, 12 оддели на хирургија, оставени во хаос, ништо не се презема. Клиниката за Хирургија е клучниот момент на Клинички, по правило врвот на здравствениот систем, а со ова терцијалното здравство во Македонија е доведено во колапс.

Одговорност ќе има! Имињата на одговорните ќе останат запаметени.”, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

ck-dpmne

Политичка ескалација: ВМРО-ДПМНЕ го обвини Филипче за предавство

Македонија | пред 16 часа

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви

Македонија | пред 20 часа

media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

ВМРО-ДПМНЕ: Пи-арот на Башановиќ нема да ги спаси СДС, најголемата кампања против нив доаѓа одвнатре

Македонија | пред 20 часа

media-library345jp31ofpbidHYuLh7

Мицкоски за Филипче: „Неговите изјави се за хумор и сатира, не се распаѓа коалицијата со ЗНАМ“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања