Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Стојаноска: Морален чин е и Филипче да си поднесе оставка, потребна е вистинска опозиција, а не собирање на политички поени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-library6eh89skuv45h7XaV585

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, во гостувањето на телевизија Алфа во емисијата ,,За или против“, се осврна на темата за оставките од страна на раководството на СДС, за што кажа дека морален и одговорен чин би било и претседателот на партијата да си поднесе оставка. Како што вели таа, не очекува да се промени нешто, под водство на Венко Филипче, се додека остануваат истите луѓе со иста матрица од претходно. Исто така Стојаноска додаде дека, потребна е поразборита опозиција, особено во Собранието, а не опозиција која што само собира политички поени, бидејќи токму поради тоа, сите прогнози им паднаа во вода на локалните избори.

„Сметам дека првпат се случува вакво нешто во историјата на постоењето на СДС. Веќе имаше реакции од некои постари и поискусни членови, но не сум изненадена бидејќи навистина се случуваа доста преседани, во време додека Венко Филипче ја води оваа партија“, рече Стојаноска.

— реклама —

Според неа, морален чин би бил и претседателот на опозициската СДС да си поднесе оставка.

„Сметам дека морален чин е и тој да си поднесеше оставка, особено после поразот на локалните избори. Но ќе следиме, ќе видиме, со што уште би можеле да не изненадат како СДС под раководство на Венко Филипче“, истакна Стојаноска.

— реклама —

Стојаноска посочи дека се очекуваат некои политички изненадувања, меѓутоа, како што вели таа, не очекува нешто навистина да се промени доколку истите луѓе останат во партијата со истата матрица од претходно.

,,Не би очекувала нешто навистина да се случи, некој пресврт, па да навистина добиеме во државава, па зошто да не и во парламентот поинаква опозиција, поразборита, опозиција што ќе се труди навистина да биде наш коректив и да се натпреваруваме во подобри предлози. А, не да се повторуваме со некои предлози само за да се соберат политички поени“, кажа Стојаноска и додаде:

,,А политички поени веќе се покажаа на последниве локални избори и сите прогнози им паднаа во вода.  Тоа беше една најдобра историска победа на локални избори за ВМРО-ДПМНЕ. Се додека сами не размислат дека време е да променат многу повеќе од овие оставки, со оглед на составот во парламентот“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryl7etnje8kbeu3BtIQBt

Петрушевски: Газдата на СДС Заев се врати, а Филипче како да е во транс и уште си игра претседател, колку побрзо се огради од Заев побрзо ќе ја врати партијата на нозе

Македонија | пред 2 часа

— реклама —
media-libraryb766v9mr1t78dpbpJfe

ВМРО-ДПМНЕ: СДС избра статус кво, Заев и натаму ги држи конците

Македонија | пред 5 часа

media-library4r2ei7icocg038e47y2

ВМРО-ДПМНЕ: Тајни средби на Димитријевиќ во Скопје со српските опозиционери Бранко Ружиќ и Јован Ратковиќ за формирање на опозициски фронт по инструкции на Заев и Башановиќ

Македонија | пред 5 часа

media-libraryg0o62t6ufrm1fsCBLK2

Мицкоски од Виена: Определбата на Владата е јасна, градиме економија што создава, а не само троши

Македонија | пред 23 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања