Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Судијата Ѓоко Ристов со ѕиданите пари оди во куќен притвор и останува без пасош, одлучи Кривичен суд

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-library8r67i2vhuh6339q7VX2

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, донесе решение со кое му определи мерки за обезбедување присуство и мерки за претпазливост на апелациониот судија Ѓоко Ристов, кој е осомничен за тешки кривични дела од областа на финансискиот криминал.

По произнесувањето на осомничениот и на надлежниот јавен обвинител, судот го прифати предлогот на обвинителството и на Ристов му определи мерка куќен притвор, како и дополнителна мерка за обезбедување присуство, односно одземање на патната исправа и забрана за издавање нова.

— реклама —

Имајќи предвид дека осомничениот е апелационен судија и дека се товари за две кривични дела – „Перење пари и други приноси од казниво дело“ по член 273 став 1 и „Противправно стекнување и прикривање имот“ по член 359-а став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, судот пред донесување на одлуката го доставил предлогот на обвинителството до надлежниот Судски совет на Република Македонија, кој одлучуваше по прашањето за судискиот имунитет.

Откако Судскиот совет дал согласност за постапување, Основниот кривичен суд Скопје го прифатил предлогот на обвинителството и ги изрекол мерките против Ристов. Против донесеното решение странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет.

— реклама —

Од Основниот кривичен суд Скопје информираат дека постапката е во тек и дека понатамошните процесни дејствија ќе зависат од развојот на истрагата што ја води обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8r67i2vhuh6339q7VX2

ДНК траги на пронајдените 350.000 евра - обвинение против судијата Ѓоко Ристов

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-library8r67i2vhuh6339q7VX2

Обвинение за судијата со 350.000 евра во ѕид: Обезбедивме цврсти докази дека парите се негови

Македонија | пред 5 дена

media-library8r67i2vhuh6339q7VX2

Фаќале прашина и застарувале: најдени предмети кај судијата Ѓоко Ристов кои не ги чепкал сѐ до истекување на роковите

Македонија | пред 1 месец

media-library8r67i2vhuh6339q7VX2

(Видео) Судијата со договор за продажба на удел од фирма ќе докажува дека парите не се негови, кој водел евиденција колку пари има во ѕидот?

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања