Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Шукова: Време е Скопје да добие модерен јавен превоз и вистински урбан ред

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
kaja-sukova

На вечерашното гостување на телевизија Алсат М, кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, зборуваше за најголемите урбани и инфраструктурни проблеми на главниот град, загадувањето, нефункционалниот јавен превоз, долговите на јавните претпријатија и хаотичното градење.

„Ако немате соодветен јавен превоз, тоа е еден од факторите за загадувањето во градот Скопје,“ истакна Шукова, додавајќи дека решението се наоѓа во одамна подготвениот, но заборавен проект БРТ.

— реклама —

Проектот, кој  е подготвен веќе повеќе од пет години и има целосна документација и обезбедено финансирање, предвидува прва линија од Ѓорче Петров до Ново Лисиче, со 13 километри траса, 21 нова постројка и околу 30 нови автобуси што ќе сообраќаат со висока фреквенција.

„Првата линија мора да биде готова најдоцна до почетокот на 2028 година, а паралелно ќе се работи и на втората, која ќе ги поврзе северната и јужната зона на градот,“ додаде таа.

— реклама —

Во однос на јавните претпријатија, нагласи дека потребна е длабока реорганизација и ослободување од непродуктивни трошоци:

„Јавните претпријатија мора да се ослободат од непродуктивните трошоци за повторно да функционираат ефикасно. Тоа е предуслов за подобри услуги кон граѓаните,“ порача Шукова, наведувајќи дека проблемите не се ограничени само на Комунална хигиена и Водовод, туку и на Паркови и зеленило.

Коментирајќи ја градежната експанзија, Шукова потенцираше дека првиот чекор е донесување на нов Генерален урбанистички план за Скопје, бидејќи градот веќе три години функционира без валиден план.

„Мора да одредиме каде ќе се гради, каде ќе престане урбанизацијата и каде ќе има повеќе зелени површини и простор за пешаци и велосипедисти.“

Шукова најави дека ќе иницира јавна расправа за проблемот со дивоградбите, со цел транспарентно да се утврди обемот на овој феномен во различните општини, и дека ќе се залага за системски измени во Законот за локална самоуправа, кои ќе овозможат поефикасно справување со урбанистичките проблеми.

„Не ни требаат козметички измени, туку вистинска системска промена,“ рече Шукова. Таа посочи дека Скопје заслужува плански развој, чист воздух и транспарентна локална власт која ќе ги штити интересите на граѓаните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryovu8bgneal1r3LXwt6I

Филипче: Власта да се откаже од укинување техничка Влада или СДСМ ќе се повлече од работата за Изборниот закон

Македонија | пред 20 минути

— реклама —
media-librarypmuc4rg3to8mcHpc499

„Нова бомба: Зад рудникoт за антимон во Крива Паланка стојат донатори на ВМРО-ОКГ“ , вели Кузеска

Македонија | пред 1 час

vlada-2024-mickoski

СДСМ со закон: Двојно државјанство да не можат да имаат ниту министри, ниту вицепремиери – од моментов!

Македонија | пред 2 часа

media-librarypf1ndbblej5ceh3XlCx

СДСМ: Не се создадени услови за укинување на техничката влада и мора да остане

Македонија | пред 3 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања