Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Талески: Се остварува сомнежот дека на ДПМНЕ и одговараат тензиите за да ги избегнат клучните теми за кои ги лажеа граѓаните

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија

СДСМ ги осудува настаните кои се случија на денот на албанското знаме, но она што го одбележа овој настан е жалниот привид што го видовме од премиерот Христијан Мицковски и министерот Панче Тошковски додека ја избегнуваа одговорноста. Гледавме како бараат начин да ги обвинат сите, но очигледно е дека им одговараат тензиите заради политички бенефит. Сè поголем е сомнежот дека на власта и одговара ова, затоа што се прави дефокус од вистинските проблеми на граѓаните и од клучните теми за кои ги лажеа граѓаните, рече пратеникот на СДСМ, Миле Талески на гостувањето на емисијата „Анализа“ на ТВ24.

— реклама —

-Лажеа, пред сè Мицковски, дека ќе го вратат старото име на државата, за сега да бидат најголемите северџани. Цела кампања зборуваа дека ќе го поништат Преспанскиот договор, па сега ништо не гледаме од тоа. Велеа дека ќе ја сменат преговарачката рамка, за сега да го слушаме премиерот како вели дека никогаш не рекол дека ќе ја менува. Е, тоа е лицемерието на ДПМНЕ. Тоа се лагите кои сега сакаат да ги прекријат со дефокус. Нека кажат: лажевме сè што ветивме пред изборите, истакна Талевски.

— реклама —

Вакви меѓуетнички тензии се случуваат само кога е ДПМНЕ е на власт. СДСМ 7 години беше на власт и немавме ниту една меѓуетничка тензијата. Затоа и побаравме како партија, а и претседателот на СДСМ, Венко Филипче изјави дека треба да има лидерска средба од која сите ќе излеземе со заеднички став пред граѓаните и ќе се повика на стабилност, додаде Талески.

— реклама —

Во дебатната емисија тој се осврна и на реформите во судство и правосудството кои на голема врата ги најавуваа Мицковски и ДПМНЕ, но она што сега го гледаме се сведува на партизација и закани кон судии и обвинители наместо реформи.

- Ова е алармантно и го потенциравме како партија дека не смее да има политизацијата во клучните сектори на општественото живеење. АНБ е класичен пример за тоа како се врши директна партизација на највисоката безбедносна институција во државата. Но, и она што се случуваше порано, со преслушувањето на 20 илјади граѓани, и за кое после потрошивме цели 4 години, советот за следење комуникации да профункционира, за сега, да гледаме од ВМРО-ДПМНЕ како предложи состев за следење на комунакциите кој е класично партиски, рече Талевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryet16s6jn6mqrdKXXpd4

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

Македонија | пред 1 час

media-libraryjh5focvnr7dv3FbX14S

СДСМ: Со Мицкоски Македонија е на колена

Македонија | пред 2 часа

media-library84bfav7rmsp6d6Z9MXi

СДСМ: Мицкоски е „прокси руски играч“ – обвинувања за врски со Москва

Македонија | пред 19 часа

media-librarydfsnh8fo9kgp56JNiBc

Власта вклучува фирма од „црната листа“ на САД во енергетски бизнис, вели Димитријевиќ

Македонија | пред 20 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања