Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Тензии меѓу Кина и САД: нови обвинувања и закани со царини

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Свет
kina-sad

Кинеското министерство за надворешни работи соопшти дека американската блокада на иранските пристаништа е „опасна и неодговорна“ мерка која, според Пекинг, дополнително ќе ги влоши тензиите во регионот.

Портпаролот на министерството Гуо Џиакун изјави дека САД, и покрај привременото примирје договорено меѓу вклучените страни, ја засилиле воената присутност и вовеле целна блокада, што ќе придонесе за понатамошна ескалација на конфликтот, нарушување на кревкото примирје и загрозување на безбедноста на пловидбата низ стратешкиот теснец.

— реклама —

Тој оцени дека ваквите постапки претставуваат „опасно и неодговорно однесување“, додавајќи дека Пекинг се противи на нив.

Истовремено, Кина ги отфрли наводите во американските медиуми дека испорачува или се подготвува да испорача воена опрема на Иран, оценувајќи ги како неточни. Портпаролот предупреди дека Пекинг ќе преземе соодветни мерки доколку САД продолжат со воведување дополнителни царини кон кинеските производи.

— реклама —

Кинеските власти повторно повикаа на почитување на примирјето, продолжување на дијалогот и намалување на регионалните тензии, нагласувајќи дека Пекинг е подготвен да одигра конструктивна улога во стабилизацијата на регионот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr05q2iu8g0lnaP5iM8w

Трамп вели дека САД пресретнале брод што носел кинески подарок за Иран. Реагира Пекинг

Свет | пред 13 часа

— реклама —
si-dziping2

Кина нуди помош за Африка поради последиците од војната со Иран

Свет | пред 17 часа

nafta-696x465-1

Кина ги намали цените на горивата по падот на нафтата

Свет | пред 18 часа

media-librarybnj6a4fjvvkua7zCKpX

Кинеските астронаути остануваат во орбита уште еден месец

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања