Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Тензии околу куќниот притвор: ДУИ бара разрешување на Филков и најавува поплаки до САД, ЕУ и ОБСЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryd7m8obnhihku5dhVrDD

ДУИ бара министерот за правда Игор Филков да престане со јавни интервенции за мерката куќен притвор за Артан Груби, а ако продолжи – да биде разрешен. Тврдат дека со изјавите врши притисок врз судии и обвинители и дека извршната власт нема право да сугерира постапување на судството. ДУИ најави дека ќе го следи случајот и ќе ги информира САД, ЕУ и ОБСЕ. Филков претходно повика Судскиот совет и Советот на јавни обвинители итно да утврдат евентуална одговорност за одлуката за куќен наместо ефективен притвор за Груби.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Демократска унија за интеграција бара министерот за правда Игор Филков да се воздржи од, како што велат, натамошни јавни интервенции во врска со мерката куќен притвор за Артан Груби, а доколку таквата пракса продолжи – да биде разрешен.

— реклама —

Од ДУИ обвинуваат дека Филков извршил притисок врз судиите и обвинителите со денешната изјава во која посочи дека мора да има одговорност „со име и презиме“ за одлуката Груби да биде упатен во куќен наместо во ефективен притвор.

— реклама —

Според партијата, извршната власт нема уставно право да сугерира како ќе постапуваат судските органи, оценувајќи ја изјавата на министерот како директно мешање во тековен процес и загрозување на интегритетот на постапката.

— реклама —

„Улогата на Министерството за правда е да го заштити интегритетот и независноста на судството, особено во чувствителни случаи кога политичката поларизација врши голем притисок врз поединци во рамките на правосудниот систем. Наместо да го заштити судскиот систем од партиска хистерија, министерот дополнително го поттикнува, создавајќи клима на однапред одредена одлука и јавно упатувајќи пораки што претставуваат притисок врз обвинителите и судиите“, наведуваат од ДУИ.

Партијата на Али Ахмети апелира Филков да се воздржи од натамошни јавни коментари, а во спротивно, смета дека треба веднаш да биде разрешен „со цел заштита на независноста на судството во овој чувствителен момент“.

Од ДУИ најавуваат дека ќе продолжат внимателно да го следат случајот и дека за случувањата ќе ги информираат стратешките партнери – Соединетите Американски Држави, Европската Унија и Мисијата на ОБСЕ во Македонија.

Претходно денеска, министерот за правда ги повика Судски совет на Република Северна Македонија и Совет на јавни обвинители да свикаат итни седници и да утврдат дали има елементи за одговорност кај јавниот обвинител кој побарал, како и кај судијата кој одобрил куќен наместо ефективен притвор за Груби, кој вчера се појави на македонско-косовската граница по повеќе од една година отсуство од државата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryail7uimv1bf48F2shUE

Филков оствари средба со директорот на АВМУ за унапредување на медиумската регулатива во изборниот процес

Македонија | пред 5 дена

media-library6g6ia9a0j5qlfV1AO0Z

Филков од Подгорица: Македонија и Црна Гора ја зајакнуваат соработката во реформите во правосудството

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryaqkjkkbcml1m8uZeaSL

Филков до ДУИ: Со кривичнaта пријава ама баш никого не плашите, времето на национал-романтизам заврши

Македонија | пред 1 месец

media-librarym8hmt9gm6hffeAaGGLy

Адвокатот Димоски до Филков за притворот на Груби: Неспорна е одговорноста само на извршната власт

Коментари | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања