Во судир на два воза во Кагеруп, на североистокот на Данска, утринава се повредени повеќе лица, соопштија локалните служби за итни интервенции.
Полицијата од регионот Северен Зеланд информираше дека станува збор за голема железничка несреќа, при што на местото на настанот се ангажирани бројни спасувачки екипи.
Сепак, точниот број на повредени засега не е познат, пренесуваат националните медиуми.
Несреќата се случила на железничката линија меѓу Хилерод и Кагеруп, во близина на Истеродвејен, а делницата меѓу овие локации е затворена за сообраќај.