Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Томовски: Оваа конференција е обврска да извлечеме поуки од трагедијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-library4ib3iakbajee9dVIbkk

Ивица Томовски изјави дека трагедијата во Кочани е меѓу најтешките и дека институциите мора да извлечат поуки и да изградат поотпорен систем. На конференцијата изрази сочувство и нагласи дека болката е заедничка. Посочи дека по пожарот институциите реагирале брзо: отворена била донаторска сметка, обезбедени 30 милиони денари за поддршка на семејствата, работеле деноноќно и владин авион бил користен за транспорт на пациенти. Конференцијата ја оцени како обврска за јакнење на механизмите и клиничките протоколи.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски, изјави дека трагедијата во Кочани останува една од најтешките што ја погодиле државата и дека институциите имаат обврска да извлечат поуки и да изградат поотпорен систем.

— реклама —

Говорејќи на „Меѓународната конференција за институционалните и клиничките аспекти и решенија по пожарот во Кочани“, Томовски изрази сочувство до семејствата на настраданите.

— реклама —

„Нема зборови со кои може да се утеши загубата, ниту реченица што може да ја намали болката што ја носат семејствата. Болката е заедничка и човечка, и национална“, истакна тој.

— реклама —

Томовски потсети дека во моментите по трагедијата институциите реагирале брзо и координирано. Била отворена донаторска сметка преку Црвениот крст, а на итна владина седница биле обезбедени 30 милиони денари од буџетските резерви за поддршка на семејствата на повредените кои се лекуваа во странство.

Тој посочи дека институциите работеле деноноќно, а неговиот службен телефон бил ставен на располагање за комуникација со семејствата и засегнатите граѓани.

„Владиниот авион беше ставен во функција за транспорт на пациенти, затоа што во такви моменти секоја минута, секоја одлука и секоја подадена рака значи живот“, рече Томовски.

Според него, конференцијата не е само потсетник на трагедијата, туку и обврска да се зајакнат институционалните механизми и клиничките протоколи.

„Во спомен на жртвите и во поддршка на нивните семејства, наша должност е да изградиме посилен, похуман и поподготвен систем“, порача директорот на СОЗР.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Нема фотографија

Профункционираа расипаните лифтови во МРТВ - ги поправиле!

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2025-02-06-at-03.33.24

Се бара притвор за ексдиректорот на СОЗР, Пеце Мирчевски - познати сите детали од истрагата

Македонија | пред 1 година

Vlada-hrana

Ќе поскапи храната за политичарите во Влада, ќе оживее “Македонско село”, крај на луксузирањето со службени возила

Македонија | пред 1 година

ivica-tomovski

Томовски: Владините објекти седум години се оставени без имотни листови и без да се закова ниту една шајка

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања