Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Трагедија на Дунав: Рибо-чуварите спасиле четворица кинески државјани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Балкан
media-libraryrfuivc4dgq0e481OCGX

Четворица кинески државјани беа пронајдени живи, но измрзнати откако нивниот чамец се превртел на Дунав, додека се обидувале илегално да преминат во Хрватска, соопштија рибо-чувари кои учествувале во спасувачката акција.

Синоќа пронајдовме четворица Кинези. Сите беа мокри и измрзнати. Веднаш ги загреавме, ги ставивме во возило и ја повикавме полицијата, раскажа еден од рибо-чуварите. Според сомневањата, чамецот се превртел поради прекумерно оптоварување.

— реклама —

Министерството за внатрешни работи соопшти дека на чамецот имало најмалку десет лица, од кои едно се удавило. Четворица се спасени на територија на Србија, пет на територија на Хрватска, а се трага по уште една исчезната личност.

Рибо-чуварите откриле тројца измрзнати Кинези на брегот и веднаш им пружиле помош, а потоа го пронашле и четвртиот. Телото било пронајдено блиску до брегот благодарение на тоа што на себе имал ранец.

— реклама —

Локалните рибари објаснуваат дека пластичниот чамец со мал мотор кој го користеле кинеските државјани не може безбедно да прими повеќе од пет лица, а тоа дури и тогаш е прекумерно оптоварување.

По пријавата веднаш биле испратени патроли на полицијата од Нови Сад, граничната полиција и припадници на Секторот за вонредни ситуации, како и контакт со полицијата на Хрватска.

Во акцијата на спасување во Бачко Ново Село била извлечена една личност со констатирана смрт, а другите четворица добиле медицинска помош.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryaevcubpcsme7eiIB0c6

Експлозија во Сплит: загина 72-годишен маж

Балкан | пред 20 часа

— реклама —
media-librarygapulmqav1kqebLs4VW

Евакуиран шопинг-центар во Осиек

Свет | пред 1 ден

Rucna-Bomba-kasikara-granata-620x350

Паника во Загреб: Закани за бомби ги испразнија училиштата

Балкан | пред 2 дена

media-library2er4ggg8j2al63QXMK7

(Видео) Хрватски град го освои „Daily Mail“: Плажи, култура и пристапни цени

Магазин | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања