Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Трамп го пофали Израел: „Голем сојузник кој знае како да победи“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 дена -

Свет
media-library5kqgunhjbrta7KCe9Gd
Benjamin Netanyahu/ ФБ

Американскиот претседател Доналд Трамп го пофали Израел, нарекувајќи го „голем сојузник“, истовремено упатувајќи критики кон други, неименувани држави.

Во објава на платформата „Трут соушал“, Трамп го опиша Израел како „храбар, одважен, лојален и паметен“ сојузник, додавајќи дека јасно се разликува од „други кои во момент на конфликт и притисок го покажале своето вистинско лице“.

— реклама —

Тој порача дека Израел „жестоко војува“ и „знае како да победи“, без притоа директно да посочи конкретни држави, но во изминатиот период повеќепати критикуваше традиционални американски сојузници.

Во една од последните објави, Трамп ја прозва Шпанија, оценувајќи дека нејзините „финансиски показатели се апсолутно ужасни“, во контекст на критиките од шпанскиот премиер Педро Санчез за војната со Иран.

— реклама —

Претходно, американскиот претседател упати остри забелешки и кон британската војска, како и кон премиерот Кир Стармер, за кого изјави дека „не е Винстон Черчил“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryauk52e2nvaoi6s7zbhP

Пакистан се залага за траен договор меѓу САД и Иран

Свет | пред 15 часа

— реклама —
media-libraryif1oq0r658kfdHOMwCP

Речиси милијарда долари иранска нафта ја заобиколила американската блокада

Свет | пред 17 часа

media-libraryotp04iork40b92aI4vG

САД трошат алармантно брзо ракети: Украина загрижена за одбраната

Свет | пред 17 часа

media-library2h6ls2otr4ub4w7WSdS

Зеленски: Американците одат во Москва, а го заобиколуваат Киев – тоа е непочитување

Свет | пред 19 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања