Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Трамп го сака Гренланд по секоја цена: Наредните две-три недели се клучни за арктичкиот остров

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-libraryn1m9e81qf70jfkAb9QI

Следните 20 дена ќе бидат клучни за иднината на Гренланд, откако е најавен состанок меѓу високи претставници на Соединетите Американски Држави и премиерите на Данска и на Гренланд, во услови на зголемени геополитички тензии околу стратешкиот арктички остров.

— реклама —

Во фокусот на разговорите ќе бидат ретките минерали и енергетските ресурси, кои се од особено значење за Вашингтон. Американскиот претседател Доналд Трамп отворено ја истакнува стратешката важност на Гренланд, предупредувајќи дека островот е изложен на сè поголемо кинеско и руско влијание.

— реклама —

Трамп повторно ја оживеа идејата за купување на Гренланд, тврдејќи дека тоа е прашање на национална безбедност за САД. Данска, која има суверенитет над островот, категорично ја отфрла можноста за продажба, истакнувајќи дека Гренланд не е предмет на трговија.

— реклама —

Иако американскиот претседател не ја исклучува ниту можноста за воена операција, ваквата реторика предизвика вознемиреност меѓу европските сојузници. Во обид да ги смири тензиите, државниот секретар на САД Марко Рубио изјави дека Вашингтон нема намера да интервенира воено и дека САД бараат дипломатско и економско решение.

Претстојните разговори се оценуваат како тест за односите меѓу Соединетите Американски Држави и Данска, но и за идната улога на Гренланд во новата геополитичка распределба на моќта на Арктикот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryot6g2rffvd7v9oNcrRY

Данска: На Гренланд не му е потребен болнички брод од САД

Свет | пред 1 месец

media-library6p21p0pmug1rckUQz1R

Гренланд повторно во фокусот на Трамп: „На пат е!!!“

Свет | пред 1 месец

media-librarylecvva6g4jbq0dqq1qT

Трамп најави испраќање болнички брод кон Гренланд, Данска тврди дека нема никакви информации

Свет | пред 1 месец

media-libraryojkv92iqvioj2YtLVnO

Данската премиерка: Трамп не се откажа од Гренланд

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања