Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Трамп и Бајден ќе се сретнат во среда во Белата куќа: Трамп никогаш не го признал поразот на изборите во 2020 година

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
Screenshot-2024-04-28-at-10.52.51

Американскиот претседател Џо Бајден во среда во Белата куќа ќе го прими својот републикански претходник и наследник Доналд Трамп.

Средбата е закажана за среда во Овалната соба во 11 часот по локално време или 17 часот по средноевропско време, изјави портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер.

— реклама —

Бајден (81) веднаш по изборите му се јави на Трамп за да му ја честита победата и да го покани во Белата куќа.

Гестот е дел од стандардниот протокол околу трансферите на власта во Соединетите држави, иако Трамп отстапи од таквото однесување во 2020 година.

— реклама —

Трамп никогаш не го призна поразот од Бајден на изборите во 2020 година и не ја чекаше неговата инаугурација.

Средбата во среда е една од ретките директни средби меѓу Бајден и Трамп.

Последен пат се соочија еден со друг на сцената беше на телевизиска дебата на крајот на јуни, во која Бајден помина толку лошо што се откажа од претседателската трка набргу по притисокот од неговата партија, а потоа го поддржа својот потпретседател Камала Харис, како демократски кандидат.

Трамп треба да положи заклетва за својот втор претседателски мандат на 20 јануари.

Два дена по неговата убедлива победа над Камала Харис, Бајден вети дека ќе обезбеди мирна транзиција на власта и дека ќе ја „намали температурата“ во земјата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryauk52e2nvaoi6s7zbhP

Пакистан се залага за траен договор меѓу САД и Иран

Свет | пред 18 часа

— реклама —
media-libraryif1oq0r658kfdHOMwCP

Речиси милијарда долари иранска нафта ја заобиколила американската блокада

Свет | пред 20 часа

media-libraryotp04iork40b92aI4vG

САД трошат алармантно брзо ракети: Украина загрижена за одбраната

Свет | пред 21 час

media-library2h6ls2otr4ub4w7WSdS

Зеленски: Американците одат во Москва, а го заобиколуваат Киев – тоа е непочитување

Свет | пред 22 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања