Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Трендафилов повика на протест: Време е работниците да излезат и да се борат за достоинствена плата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
Screenshot-2025-04-23-at-13.09.10

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, со јавен повик до работниците побара масовна поддршка и излезност на најавениот протест, нагласувајќи дека молкот и пасивноста значат поддршка на ниските плати и тешкиот работнички живот. Тој порача дека само преку заедништво и активен отпор работниците можат да се изборат за подобри услови и повисоки примања.

— реклама —

„Сестри и браќа работнички и работници, денес ја бараме поддршката на секој еден работник, секој еден кој смета дека не треба да седи дома удобно во неговата фотелја на топло. Бараме да ни се придружи секој еден работник на 28 јануари во 17 часот затоа што седејќи дома дава поддршка на политиката на ниски плати, на мизерни примања и на тежок работнички живот.

— реклама —

Затоа што другите сметаат дека на таков начин вие ги поддржувате нив, затоа што другите сметаат дека вас не ви треба зголемување на вашата плата, затоа што другите сметаат дека нема потреба да носат одлуки во интерес на 540 илјади работници наспроти 1080 функционери избрани и именувани.

— реклама —

Време е работниците да сфатат дека само заедно можеме да се избориме за работничките права, време е работниците да сфатат дека само заедно можеме да се избориме за работничките платите, време е работниците да сфатат дека се сами оставени и дека еден работник не може да промени многу, но заедно можеме да промениме сѐ“, вели Трендафилов.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

DSC_0638

ССМ: За три месеци животот поскап за околу 2.500 денари, тие минималната плата ќе ја усогласувале за 1.667 денари

Македонија | пред 1 седмица

media-library1vit86eidgspdrMolLA

Недозволиво е една третина од работниците да заработуваат под прагот на сиромаштија, велат од Меѓународната конфедерација на синдикати

Македонија | пред 1 седмица

media-library9anpc967es482roKL8P

(Видео) „Минималната плата мора да се зголеми во март, не затоа што некој ќе ни ја даде, туку затоа што ние како ја заработуваме, рече Трендафилов

Настани | пред 2 седмици

media-libraryqqdkehfnmg4e9SCxmKG

Добро утро, ние денеска се бориме за Вашите плати, што ќе правите Вие?, праша Трендафилов во пресрет на протестот

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања