Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Трет ден од Светскиот економски форум во Давос, Мицкоски со порака: Македонија мора храбро да влезе во глобалната енергетска трка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library48s8tep9u6id4r04VEk

Започна третиот ден од Светскиот економски форум во Давос, каде што Македонија ја претставува премиерот Христијан Мицкоски, кој вчера порача дека земјата не смее да остане на маргините на глобалните енергетски и економски промени и дека е неопходно храбро редефинирање на развојниот курс.

— реклама —

По низата средби и дискусии, фокусот, како што истакна Мицкоски, бил ставен на енергетиката како клучен двигател на идниот економски раст. Тој учествуваше на панел за енергетика со американскиот секретар за енергетика Крис Рајт и водечки претставници на светската енергетска индустрија, при што се разговарало за идниот развој на производството на електрична енергија и можностите за вклучување на Македонија во тој процес.

— реклама —

Мицкоски нагласи дека глобалната побарувачка за електрична енергија ќе расте забрзано и дека Македонија мора активно да ги отвори замрзнатите енергетски проекти како Чебрен, Галиште и Бошков Мост, како и да го искористи потенцијалот за инвестиции во обновливи извори на енергија, за кои веќе постои интерес од меѓународни инвеститори.

— реклама —

Во текот на денот во Давос се одржуваат повеќе панели и обраќања на светски лидери, меѓу кои и најавеното обраќање на американскиот претседател Доналд Трамп. Форумот, кој трае до 23 јануари, годинава обединува околу 3.000 учесници од 130 земји и се одржува под мотото „Духот на дијалогот“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library7gv0rr7kvesd7n3EQa3

„Партнерството со Унгарија не е формално, туку суштинско и засновано на доверба“, вели Мицкоски

Македонија | пред 5 часа

media-libraryrqak3isi1bg78Y3lWSn

Средба Мицкоски – Орбан: Фокус на економијата и инвестициите

Македонија | пред 9 часа

media-libraryu3ga0lfnq4cf3OW4Uvp

Мицкоски во Будимпешта: Средба со Орбан и бизнис форум за економска соработка

Македонија | пред 16 часа

media-library4ku6rcutg7f3atknCUL

Мицкоски од Охрид: Започна реконструкцијата и модернизација на аеродромот „Св. Апостол Павле“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања