Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Три нови е-услуги за високото образование достапни на порталот uslugi.gov.mk

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-librarycbd4v4o69ta60CTdXAQ

На Националниот портал за електронски услуги uslugi.gov.mk се воведени три нови дигитални услуги кои се однесуваат на високото образование, со што се комплетира пакетот електронски услуги наменети за оваа област.

Новите услуги имаат за цел да го поедностават процесот на доставување статистички податоци за високото образование и да овозможат побрза и поефикасна размена на информации меѓу институциите.

— реклама —

Со нивното воведување, институциите и високообразовните установи ќе можат електронски да ги пополнуваат и доставуваат потребните податоци, без дополнителни административни процедури и со значително заштедено време. На овој начин и Државниот завод за статистика ќе може побрзо да ги собира и обработува потребните информации.

Од Министерството за дигитална трансформација посочуваат дека дигитализацијата на овие услуги е дел од пошироката стратегија за модернизација на јавната администрација и за подобрување на пристапот до јавните услуги преку интернет.

— реклама —

Во наредниот период се очекува на порталот да бидат воведени и дополнителни електронски услуги поврзани со високото образование, меѓу кои и услуги за евиденција на новозапишани студенти.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања