Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Трипуновски: Извозот на земјоделски производи за 2025 изнесуваше 416,7 милиони евра, раст од 85 милиони евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-libraryk7aspbc4lu1ldZ8xp82

Според ДЗС, во 2025 извозот на земјоделски производи пораснал на 416,7 милиони евра, за околу 85 милиони повеќе од 2024, изјави министерот Цветан Трипуновски. Увозот се зголемил од 177 на 202 милиони евра, но трговскиот биланс е позитивен за околу 215 милиони евра. Тој нагласи дека примарното земјоделско производство има клучна улога во извозот и дека има раст и во откупот и продажбата: инпутите паѓаат, а аутпутите растат, со 12,5 милијарди денари во четвртиот квартал. Владата најави продолжување мерки за зголемување на домашното производство и конкурентноста.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

„Согласно податоците на Државниот завод за статистика за 2025 година извозот на земјоделски производи бележи значителен раст и достигна 416,7 милиони евра, што претставува зголемување од околу 85 милиони евра во споредба со 2024 година“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во емисијата „Топ тема“ на Телма телевизија.

— реклама —

— реклама —

Тој додаде дека и покрај одредени промени во увозот, земјата има значителна позитивна разлика во трговската размена.

— реклама —

„Ако говориме за увоз на земјоделски производи, во 2024 година бил околу 177 милиони евра, додека во 2025 година бил околу 202 милиони евра. Имаме благ пораст, но ако се зеде делот со извоз и увоз имаме позитива од околу 215 милиони евра“, нагласи министерот Трипуновски.

Министерот потенцираше дека секторот на примарно земјоделско производство има клучна улога во вкупниот извоз.

„Ако извозот на прехранбени производи е околу 414 милиони евра, а извозот на земјоделски производи е 416 милиони евра, тоа значи дека како сектор на примарни земјоделски производи сме на прво место по извоз“, истакна тој.

Министерот посочи дека позитивните трендови се забележуваат и во делот на откупот и продажбата на земјоделски производи.

„Имаме сериозен раст во делот на откуп и продажба на земјоделски производи согласно податоците на Државниот завод за статистика. Во делот на инпутите во откупот и продажбата имаме намалување, додека кај аутпутите имаме зголемување. Во четвртото тромесечие имаме откуп и продажба на земјоделски производи во износ од 12,5 милијарди денари“, истакна министерот Трипуновски.

Владата заедно со Министерството продолжува со политики и мерки насочени кон зголемување на домашното производство и зајакнување на конкурентноста на македонските земјоделски производи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryjedmgkrof2nc8vF8sCo

Досега се откупени 25,3 милиони килограми тутун во вредност од 170 милиони евра, вели Трипуновски

Македонија | пред 2 месеци

nikolovski-lj3

Николовски: Скандалот се продлабочува, Трипуновски доделил земјиште на ќерката на приведениот Стоилев

Македонија | пред 4 месеци

tripunovski1-1

Трипуновски: Брисел нема најава за блокада на ИПАРД средствата, ние продолжуваме со борбата против корупцијата

Македонија | пред 4 месеци

Cvetan-Tripunovski-06.09.2025

Трипуновски: Очекуваме рекордна берба од над 100 милиони килограми винско грозје, веќе откупени 30 милиони до 4 септември

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања