Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Турција ги приземји сите 18 авиони Ц-130 по трагедијата во Грузија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-libraryrb7b9k5daim68mpV57f
Tne New York Times Print Screen

Турција донесе одлука привремено да ги запре сите летови на своите воени транспортни авиони Ц-130, по трагичната несреќа што се случи во Грузија, при која загинаа сите 20 турски војници што биле во леталото. Од Министерството за одбрана соопштија дека летовите ќе останат суспендирани сè додека не се заврши целосната истрага и не се утврдат причините за падот, јавува „Си-ен-ен Турк“.

Во известувањето се наведува дека сите 18 авиони од овој модел се повлечени од употреба и подложени на детални технички проверки. Во меѓувреме, експертски тимови во Анкара ја анализираат црната кутија на авионот со цел да се открие што точно довело до катастрофата.

— реклама —

Министерството нагласува дека во оваа фаза е прерано да се изведуваат заклучоци за причините за падот, но потсетува дека авионот бил купен од Саудиска Арабија во 2012 година и редовно одржуван, при што последниот сервис бил извршен пред само еден месец.

Исто така, е потврдено дека авионот немал превоз на муниција во моментот на несреќата.

— реклама —

Несреќата се случила во вторникот, кога леталото тргнало од Азербејџан кон Турција и се урнало на територијата на Грузија, оставајќи зад себе дваесет загинати припадници на турските вооружени сили.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library51bbtg2c7kaa8ggtITP

Истекува клучниот гасен договор Турција–Иран: Анкара најавува можни разговори, но преговори сè уште нема

Свет | пред 3 дена

— реклама —
izrael-vojska

Турција со обвинувања: Израел го користи конфликтот за територијално ширење

Свет | пред 4 дена

media-libraryvtu6qvs61k36aNc8S0a

Уште едно лице почина по пукањето во училиште во Турција

Свет | пред 6 дена

media-library12dusg0nqgiqauCL4eV

Десетици налози за апсење по крвавите напади во турските училишта

Свет | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања