Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Турција: Русија го сменила условот за крај на војната во Украина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
turcija-696x464

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан изјави дека Турција не учествувала на последните состаноци за војната во Украина, бидејќи не е страна во конфликтот и настапува како неутрален посредник. „Ние не сме страна во војната. Немавме потреба да бидеме ниту на Алјаска ниту во Вашингтон, бидејќи претседателот Трамп ги собира завојуваните страни“, рече Фидан во интервју за турската телевизија TGRT Haber.

— реклама —

Тој изрази надеж дека постои простор за мир меѓу Русија и Украина, потсетувајќи дека дел од ставовите договорени во третиот круг преговори во Истанбул се појавиле и во разговорите на Алјаска. „Имаме доволно причини за надеж“, истакна Фидан.

— реклама —

Министерот прецизираше дека Москва ја променила својата првична позиција. „Порано Русија бараше целосна контрола врз четири украински региони. Сега се откажале од тие барања и, освен една област, сè друго би останало на постојните линии на фронтот“, рече Фидан.

— реклама —

Според него, Русија бара да ѝ се препушти 25 до 30 проценти од Донечката област кои сè уште не се под нејзина контрола. Оценува дека евентуалното губење на овој регион би ја усложнило одбраната на Украина во случај на нови борби.

Да потсетиме, на 23 јули во Истанбул беше одржан третиот круг преговори меѓу делегациите на Украина и Русија, на кој беше постигнат договор за нови разменувања – не само на заробени војници, туку и на цивили. Украинската делегација ја предводеше министерот за одбрана Рустем Умеров, а руската Владимир Медински.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryq8kd7cf4684mfd6mYkY

Зеленски најави нова ера: Украина потпиша 10-годишни воени договори со заливските држави

Свет | пред 9 часа

ukraina-kiev-1

Смртоносни напади меѓу Русија и Украина: загинати цивили од двете страни

Свет | пред 2 дена

media-libraryat0lrpmbh2bj2vc69Kd

Зеленски: Нема услови за трипартитен состанок со САД и Русија

Свет | пред 2 дена

media-libraryj56fg38ofer7dCxtOxW

Девојката од Украина која барала помош пред маркети во Скопје, ги одбила сите видови понудена помош, објави украинското здружение во земјава

Скопје | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања