Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Украина пред најтешка зима досега: нападите на Русија ја рушат енергетската мрежа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
kisev

Руските сили систематски ги напаѓаат украинските термоелектрани на јаглен, складиштата за гас и трафостаниците, со цел – како што пишува германскиот весник Bild – „да ја замрзнат Украина оваа зима“. Секој нов напад, според извештаите, дополнително ги отежнува напорите на украинските власти да обезбедат доволно електрична енергија и топлина за населението во претстојниот студен период.

— реклама —

Според податоците на Bild, оштетени се 55 до 60 проценти од украинската гасна инфраструктура. Весникот го цитира извршниот директор на државната енергетска компанија „Нафтогаз“ Сергиј Корецки кој предупредил дека „Русите нема да застанат“ и повикал граѓаните да ја сведат потрошувачката на енергија на минимум.

— реклама —

Весникот дополнително наведува дека, во случај на целосен колапс на енергетската мрежа, Украина се соочува со „ладна катастрофа“. Неименувани украински функционери изјавиле дека „претстојната зима ќе биде најтешка досега“.

— реклама —

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул ги повика западните сојузници да ја зголемат поддршката за Украина. Во исто време, германската министерка за економија Катерина Рајхе најави дополнителни средства за Фондот за енергетска поддршка на Украина. Германија досега придонела со 390 милиони евра, а се планираат уште 60 милиони евра помош.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека грејната сезона во Украина започнала вчера, додека земјата активно бара дополнителна противвоздушна одбрана, енергетска опрема и финансии за увоз на гас. Според проценките, Украина мора да има најмалку 13,2 милијарди кубни метри гас во складиштата за да ја преживее зимата и разгледува можности за увоз од САД и Норвешка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarye2o9aatduh3s3vjBW0s

Бугарија влегува во воената индустрија на Украина со 10-годишен договор: ќе произведуваат дронови

Свет | пред 1 час

media-libraryq8kd7cf4684mfd6mYkY

Зеленски најави нова ера: Украина потпиша 10-годишни воени договори со заливските држави

Свет | пред 18 часа

ukraina-kiev-1

Смртоносни напади меѓу Русија и Украина: загинати цивили од двете страни

Свет | пред 2 дена

media-libraryat0lrpmbh2bj2vc69Kd

Зеленски: Нема услови за трипартитен состанок со САД и Русија

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања