Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Украински дронови ja погодија најголемата постројка за обработка на гас во Русија – „Оренбург“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
ukraina-4121-odesa

Најголемата постројка за преработка на гас во светот, „Оренбург“, било погодено во напад со украински дронови, при што е оштетен дел од објектот, соопшти гувернерот на регионот Јевгениј Солнцев.

— реклама —

Нападот предизвикал пожар во една од работилниците, но, според гувернерот, нема повредени меѓу вработените. Екипи на противпожарната служба веднаш интервенирале и успеале да го изгаснат пожарот.

— реклама —

Ова е првпат постројката „Оренбург“ да биде цел на напад, а таа претставува дел од гасно-хемискиот комплекс на „Гаспром“, со годишен капацитет од 45 милијарди кубни метри гас. Во објектот се преработува гасен кондензат од полињата во Оренбург и казахстанското поле Карачаганак.

— реклама —

Паралелно, гувернерот на Самарската област, Вјачеслав Федоришчев, соопшти дека руската противвоздушна одбрана делувала против украински дронови, при што локалниот аеродром и мобилниот интернет биле привремено прекинати.

Руското Министерство за одбрана објави дека ноќта биле соборени 45 украински дронови – меѓу нив 12 над Самарската област, 11 над Саратовската и еден над Оренбургската област.

Од Украина засега нема официјална реакција, но од август таа значително ги зголеми нападите врз руските рафинерии и енергетски постројки, со цел да ја наруши снабденоста со гориво и да ѝ ја ослаби финансиската моќ на Москва.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarye2o9aatduh3s3vjBW0s

Бугарија влегува во воената индустрија на Украина со 10-годишен договор: ќе произведуваат дронови

Свет | пред 1 час

media-libraryq8kd7cf4684mfd6mYkY

Зеленски најави нова ера: Украина потпиша 10-годишни воени договори со заливските држави

Свет | пред 18 часа

ukraina-kiev-1

Смртоносни напади меѓу Русија и Украина: загинати цивили од двете страни

Свет | пред 2 дена

media-libraryat0lrpmbh2bj2vc69Kd

Зеленски: Нема услови за трипартитен состанок со САД и Русија

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања