Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Усвоена оставката на Ленче Ристоска во ОЈО Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-libraryotb16cm27li14teVFPA

На денешната четириесет и втората седница Советот на јавните обвинители го усвои барањето на Ленче Ристоска за престанок на функцијата јавен обвинител во ОЈО Скопје.

Претседателот на Советот, Башким Бесими, информираше дека Ристоска на 2 април годинава поднела барање за престанок на функцијата јавен обвинител по сопствено барање.

— реклама —

„Овде нема расправа, констатирам дека е усвоено барањето за престанок на функцијата на Ленче Ристоска“, изјави Бесими.

Советот претходно донесе одлука за продолжување на функцијата на Кети Петкова додека ѝ трае мандатот како член на Советот до 26 јули 2027 година.

— реклама —

На денешната седница Советот ја разгледа и едногласно ја прифати писмената изјава за продолжување на вршењето на функцијата во согласност со Законот за работните односи на членот на Советот, Кети Петкова.

Претседателот на Советот, Бесими, информира дека на 26 март годинава добиле одговор од Собранието, со кој го известува Советот дека во согласност со Законот за Советот на ЈО, Советот може да ѝ го продолжи мандатот.

Светлана Стојковиќ изјави дека колешка Петкова на 15 август годинава ги испопнува условите за старосна пензија, а во согласност со законот има право да побара продолжување на функцијата додека ѝ трае мандатот до 26 јули 2027 година.

Петкова, во согласност со законот, се иззема од оваа точка и не учествуваше во расправата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryq2483tjvuqs5eS2XUNk

Професорот Прешова за оставката на Ристоска: Ова е пораз на системот, ваква одлука е изнудена

Коментари | пред 2 седмици

— реклама —
media-library5gs7pm727rgbdICujdt

Обвинителката Раичевиќ предупредува на можен судир на интереси кај кандидатурата на Ристоска за државен јавен обвинител

Македонија | пред 1 месец

media-library24unaho4uq2vagKdgFZ

ВМРО-ДПМНЕ: Ристоска е навикната на подобноста од времето на СЈО, мора да знае дека ова се други времиња и потребни се лица со интегритет

Македонија | пред 2 месеци

Screenshot-2025-08-01-at-12.06.16

СДСМ: Мицкоски сам одлучува дека Ленче Ристовска „не е во игра“, во живо, на телевизија

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања