Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

УХМР предупредува: Врнежи над 30 литри и ветер до 70 километри на час

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-libraryc5salpee8lb74TKCv98
Скопје1.мк

Под влијание на циклонска активност, земјава се соочува со нестабилно време проследено со врнежи, засилен ветер и пад на температурите, информираат од Управа за хидрометеоролошки работи.

Синоптичарите предупредуваат дека врнежите на повеќе места ќе бидат пообилни, со количини над 20 литри на квадратен метар, додека поради спуштање на ладна воздушна маса, на планините и повисоките подрачја дождот ќе преминува во снег. Паралелно, ќе дува засилен, повремено силен ветер кој на одредени места ќе достигнува брзина и над 70 километри на час.

— реклама —

Температурите ќе бидат значително пониски, при што минималните ќе се движат од 1 до 6 степени, а максималните од 7 до 12 степени.

Во Скопје се очекува претежно облачно време со врнежи од дожд и засилен до силен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4 степени, додека максималната ќе достигне до 10 степени.

— реклама —

Нестабилното време ќе продолжи и во наредните денови. Утре и во четврток се очекуваат нови врнежи, кои локално ќе бидат уште пообилни, над 20 литри на квадратен метар утре, а над 30 литри во четврток. И во овој период, на повисоките места дождот ќе преминува во снег поради студената воздушна маса.

Во петок и сабота времето ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд, додека засилен ветер ќе има утре и во сабота, со удари над 70 километри на час.

Од недела се очекува стабилизација на временските услови, со претежно стабилно и потопло време.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarykr8hik32amhla2RiMGa

УХМР: Сончеви периоди, но и услови за дожд вечерва

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarydmo005v4p76t6XcFNOk

Студено утро со минусни температури, денес дожд, снег и силен ветер

Македонија | пред 3 седмици

258795493_465931921694283_9183676635682098414_n

Променливо време со пообилни врнежи – снег на планините, најавува УХМР

Македонија | пред 3 седмици

popova-shapka-sneg

Студено утро: Попова Шапка под нулата

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања