Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Ужасно насилство во Гази Баба: Скопјанец удирал и давел партнерка, заканувајќи и се со нож, кршејќи и ребро

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Скопје
ambulanta

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 51-годишен жител на Скопје, поради основано сомнение дека сторил кривични дела телесна повреда и загрозување на сигурноста, казниви согласно член 130 став 2 во врска со став 1 и член 144 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Според наводите на обвинителството, на 14 јануари, во видно алкохолизирана состојба, осомничениот ја нападнал својата партнерка во дом во скопската општина Гази Баба, каде што таа привремено престојувала. Тој ја удирал по главата и телото, ја давел за вратот, а ѝ се заканувал и со нож, со кој, според пријавата, замавнал кон неа.

— реклама —

Жртвата од натамошно насилство ја спасиле двајца други потстанари во истата куќа, кои успеале да ја извлечат од просторијата и веднаш повикале полиција. По укажаната лекарска помош, кај жената биле констатирани повеќе телесни повреди, меѓу кои и пукнатина на ребро и на градната коска.

Имајќи ја предвид тежината на делото и опасноста од бегство, Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryvb7a5c39bbcmcEQpsEb

Обвинителката Тополова предупредува: 798 постапки за семејно насилство запрени поради повлекување на жртвите

Македонија | пред 1 месец

— реклама —
media-librarybgp5hpdr72lgfGlTF86

Девојка нападната во Центар, инцидент во Градски парк и малолетник претепан во Арачиново

Скопје | пред 2 месеци

Screenshot-2024-02-17-at-12.57.53

Ја удирал и ја стегал за врат: Бегство на семафор во Скопје спасило бремена жена од понатамошно насилство

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryeq7tv8cc9qc84AAm9Qw

Малолетници од Струмица пријавени за насилство врз соученик

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања