Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Важна инфомација од „Визер“ за евтините летови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Магазин
wizzair-1-750x400

Основачот на авио-компанијата Виз ер Јозеф Варади ги советува клиентите да уживаат во ниските цени на картите, затоа што нема така долго да останат евтини.

— реклама —

На конфереција во Виена, тој рече дека предвидува поскапување на авио-картите во следната година. „Цените ќе се стабилизираат“, додаде Варади.

— реклама —

Унгарската авио-компанија се стационира на виенскиот аеродром во пролетта минатата година, а иако закумнините се скапи, сепак Варади порачува дека оваа нискобуџетна компанија ќе остане во главниот град на Австрија.

— реклама —

Варадаи на конференцијата зборувал и за амбициозните планови на Виз ер. „Визер“ воведува нов лет од Охрид до Дортмунд Нискобуџетниот авиопревозник „Визер“ воведува нова линија Охрид-Дортмунд.

На новата релација „Визер“ ќе лета двапати неделно, секој вторник и сабота. Таа е дел од четирите нови авиолинии што ги воведува авиокомпанијата од аеродромот „Св. Апостол Апавел“ во Охрид предвидени со Договорот за субвенционирање со Владата, покрај кои се воведоа и четири нови линии од Меѓународниот аеродром Скопје.

Од двата македонски аеродроми, во Скопје и Охрид, Виз ер опслужува 39 рути до 16 држави. Од месец март годинава исто така се лета со цени од 20 евра до Малме и Милано.

Со овие авиолинии оперира Визер а покрај тоа што станува збор за нискобуџетни летови, билетите ќе бидат уште поевтини, затоа што се работи за нивно субвенционирање, откако „Виз ер“ го доби новиот оглас на Министерството за транспорт и врски, а услов да се добијат петте милиони евра во наредните три години беше воведувањето на нови линии, особено од Охрид.

„Визер“ превезе преку 1,4 милиони патници на своите летови од и кон Македонија во 2018 година, што претставува раст од 14,4 проценти во однос на претходната година. Авиокомпанијата имаше пазарен удел од 62 отсто, а во 2018 година на неа отпаднаа 85 отсто од сите патници кои патувале со нискобуџетни превозници во Македонија

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања