„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...

Велковски: по 11 години застој, интезивно се рабноти, се инвестира во инфраструктурата и железницата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
IMG_3164

Градиме по план! Сериозно инвестираме во нова патна и железничка инфраструктура! Со најголемиот добиен грант за еден инфраструктурен проект  од 68,6 милиони евра следува изградбата на втората делница од пругата кон Бугарија, важен дел од коридорот 8, изјави Диме Велковски од СДСМ на денешната прес-конференција.

— реклама —
— реклама —

„Со овие средства се кофинансира изградбата на пругата Бељаковце – Крива Паланка во вкупна должина од 34 километри.

— реклама —

Во меѓувреме, веќе се надминати пречките започнува забрзана изградба на пругата Куманово – Бељаковце во должина од 31 километар.

Заокружено е финансирањето, изградбата на Коридорот 8 станува стратешки инфраструктурен проект на Владата предводена од СДСМ.

Конечно граѓаните на Македонија и Бугарија железнички ќе бида поврзани.  Македонија ја засилува стратешката позиција на Балканот.

Со изградба на Коридорот 8 се создава нов железнилки транспорт што ќе придонесе кон зголемување на трговската размена, развојот на економијата и комуникацијата на граѓаните.

Дополнително, привршуваат градежните работи на пругата од Битола кон граничниот премин со Грција, Кременица.

Целосно е завршено поставувањето на шините, финишира процесот на поставување на пропратните елементи како сигнализација, електрична енергиија и паркинг.

Овозможуваме Пелагонискиот регион повторно да биде железнички поврзан со Грција и со солунското пристаниште. Освен за граѓаните на Битола и Пелагонискиот регион, оваа железница е значајна придобивка и за индустриската зона Жабени односно компаниите во неа.

Се олеснува транспортот, протокот на стоки и услуги“, вели Велковски.

Тој додаде дека по 11 години застој, после деценија потрошена без да се изгради ниту еден километар железничка линија интезивно се рабноти, се инвестира во инфраструктурата и железницата.

„Се градат и реконструираат патни правци низ целата држава, се градат пруги и се модернизира железничкиот сообраќај, се одвојуваат повеќе пари за гасификација, водоводни и канализациски мрежи.

Придобивките се огромни за граѓаните, но и за компаниите.

Како одговорна и државотворна партија остануваме посветени на реализација на мерките што обезбедуваат економски раст, развој, повисок животен стандард и услови за квалитетен живот на сите граѓани“, изјави Велковски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања