Битолската група „Молика” и нивната вокалистка Анета Мицевска на својата официјална страница споделија видео на кое таа ја пее евровиската песна на Тамара Тодевска „Proud”.
Под видеото пишува:
„Пред некое време на еден наш настап нашето славејче Анета ја испеа песната „Proud“ во живо, па од тука имаше многу позитивни ама имаше и негативни коментари кои тврдеа дека не е во живо, па дека пее Тамара итн. Бевме приморани да ви докажеме дека Анета не пее на „плејбек“. Поздрав“.
Слушнете како Анета ја пее песната покажувајќи ги своите извонредни вокални способности.
https://www.facebook.com/52418871661/videos/2346669472242738/