Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

(Видео) Апокалипса во Њујорк: подземната поплавена, патници заробени во вагони, надреални снимки го преплавија интернетот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Свет
Screenshot-2025-07-15-at-10.12.33

Над 50 милиони жители на североистокот на САД денес се под итни предупредувања за изненадни поплави, откако разорни дождови и невреме предизвикаа целосен хаос во метрополите. Најтешко погодени се Њујорк, Вашингтон, Балтимор, Њуарк и Арлингтон, каде ситуацијата е критична поради опасноста од надојдени води.

На улиците на Њујорк, водата навлезе во подземната железница. Патници останаа заглавени во вагони додека надоаѓа водена стихија. Полицијата објави дека Cross Bronx Expressway е затворен во двата правци – автопатот е претворен во река.

— реклама —

— реклама —

Гувернерот на Њу Џерси, Фил Марфи, прогласи вонредна состојба заради обилните врнежи и опасните поплави. „Останете дома и не патувајте без потреба“, апелираше тој.

Авиосообраќајот е во колапс – речиси 2.000 летови се откажани, над 10.000 доцнат. Аеродромот Newark Liberty привремено е затворен. Компанијата United Airlines соопшти дека има „ограничена оперативност поради преоптовареност“.

Најлошото можеби допрва следи – метеоролозите предупредуваат дека бавноподвижните олујни системи би можеле да предизвикаат нови бујични поплави во Пенсилванија и пошироко. Службите за итни случаи се во состојба на висока готовност, а граѓаните се повикуваат на крајна претпазливост и следење на официјалните информации.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryauk52e2nvaoi6s7zbhP

Пакистан се залага за траен договор меѓу САД и Иран

Свет | пред 18 часа

— реклама —
media-libraryif1oq0r658kfdHOMwCP

Речиси милијарда долари иранска нафта ја заобиколила американската блокада

Свет | пред 20 часа

media-libraryotp04iork40b92aI4vG

САД трошат алармантно брзо ракети: Украина загрижена за одбраната

Свет | пред 21 час

media-library2h6ls2otr4ub4w7WSdS

Зеленски: Американците одат во Москва, а го заобиколуваат Киев – тоа е непочитување

Свет | пред 22 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања