Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

(Видео) Без лифтови во студентскиот дом „Гоце Делчев“: Студентите пеш до 14-ти кат – „ова е нехумано“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Скопје
media-library09ihqa36p0gbeHnhYP6

Студентите од студентскиот дом „Гоце Делчев“ – блок Г веќе со недели живеат во, како што велат, нехумани услови, бидејќи ниеден од лифтовите не е во функција.

— реклама —

„Еден од лифтовите не работи уште од 21 октомври, а другиот престана да функционира на 4 ноември,“ сведочат студентите кои секојдневно се качуваат пеш по 13 и 14 ката, носејќи куфери, торби и храна.

— реклама —
— реклама —

„Екипи доаѓаат секој ден, го поправаат, и по еден час повторно се расипува. Студенти се заглавуваат внатре и чекаат да бидат извадени. Ова е нехумано – се качуваме по скали секој ден, а сите надлежни се известени“, стои во дописот што го испратија до нашата редакција.

Според студентите, проблемот трае веќе еден месец, но нема трајно решение. Велат дека иако лифтовите биле пријавени на повеќе инстанци, ситуацијата останува непроменета.

„Најтешко е за студентите од горните катови. Ако е ова студентски стандард, тогаш навистина сме далеку од нормални услови за живот,“ велат разочарано.

„Скопје1“ побара став од управата на домот, од каде чекаме одговори.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarybulilffi6knd7h5mCTd

Студентските домови „Кузман Јосифовски-Питу“ и „Стив Наумов“ готови до 1 октомври – Јаневска најави реновирање на сите останати од септември

Македонија | пред 4 дена

media-libraryo8g513bvtg5j65OMfE2

Студентите мрзнат оти студентскиот дом во Охрид не ги платил сметките кон ЕВН

Македонија | пред 1 месец

media-libraryo8g513bvtg5j65OMfE2

Струја во охридскиот студентски дом нема да има до сабајле, студентите добија извинување, решение чекаат од Министерството за образование

Охрид | пред 1 месец

media-library68lqudr5j7e8cXu0JBy

(Видео) Свеќи наместо светло, без греење, со конзерви за вечера: Студентите од „Никола Карев“ без струја повеќе од 12 часа

Настани | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања