На една плажа во Улцињ во Црна Гора, преку разглас одеднаш одекнаа звуците на националната химната на некогашната СФРЈ, „Хеј Словени“. На видео спорелено преку социјалните мрежи се забележува дека од почетокот на композицијата, па сѐ до завршувањето сите присутни во барот од каде што се пушти химната, но и посетителите на плажата застанаа на нозе и мирно го проследија интонирањето на химната на некогашната заедничка држава.
Посебно интересно е тоа што, како што се гледа на снимката, не станува збор само за повозрасните гости на плажата.
Меѓу оние кои со почит станале на некогашната химна имало и млади гости кои најверојатно химната од некогашната СФРЈ ја знаат само преку приказните на повозрасните луѓе.
https://www.facebook.com/bijelo.polje.31/videos/vb.1742536712/10206001534914432/?type=2&video_source=user_video_tab