Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

(Видео) Ги потсети на познатите хитови, па им запеа „Заветна“ и ја разнежни публиката - Скендеровски заокружи 20 години кариера

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Магазин
media-libraryi22br3gjcthp5FIDqYZ

Во преполната сала на Македонската филхармонија, Бојана Скендеровски синоќа го одржа својот прв солистички концерт насловен „Бесмртна“, со кој го заокружи повеќе од дваесетгодишниот музички пат и најави ново, зрело поглавје во својата кариера. Публиката доби вечер исполнета со емоции, искреност и музика што остава трага, токму она што Бојана го најавуваше во пресрет на концертот.

— реклама —

Со сигурен сценски настап и силна вокална интерпретација, Скендеровски се претстави во едно поинакво, подлабоко и поинтимно светло, отворајќи ја својата уметничка приказна пред публиката. Репертоарот беше внимателно осмислен и ги спои песните кои го обележаа нејзиниот досегашен пат со нови емоционални моменти, создавајќи концертна целина што ја држеше публиката во целосно внимание од првиот до последниот тон.

— реклама —

Емотивните реакции од публиката, долгиот аплауз и искрената поврзаност што се почувствува во салата беа најдобрата потврда дека вечерта ја исполни својата мисија.

— реклама —

Со овој концерт, Бојана Скендеровска симболично затвори едно значајно поглавје од својата кариера и истовремено испрати јасна порака дека „Бесмртна“ не е само наслов, туку состојба на духот и музиката која продолжува да живее и да се развива.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

bojana-skenderovski-2

Бојана распали по министерката: Дрско ги пониживте сите автори и изведувачи, мене ми е срам од Вашиве постапки, за Вас лично не знам!

Магазин | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања