Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

(Видео) Камп приколка се преврте на Крчкиот мост во Хрватска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
media-libraryeg3bbgur6lot32g2NzB

Силна бура предизвика сериозна сообраќајна несреќа на Крчкиот мост во Хрватска, откако камп-приколка се преврте и остана да виси на заштитната ограда, поради што мостот беше затворен за сите возила.

Несреќата се случила околу 14:30 часот, кога возач на комбе со приколка ја игнорирал забраната за движење која важела за одредени категории возила, меѓу кои и возила со приколки. Во моментот на преминување, бурата дувала со брзина поголема од 140 километри на час, што довело до превртување на приколката.

— реклама —
— реклама —

Засега нема информации за повредени лица, но отстранувањето на приколката ќе биде сложена операција, при што се очекува ангажман на спасувачките служби во ризични услови. Поради инцидентот, блокираните сообраќајни ленти и силниот ветер, мостот повторно бил затворен околу 15 часот.

Ова не е единствениот случај на неодговорно однесување во текот на денот во Хрватска. Претходно, непознат возач на патничко возило ја искористил можноста да помине зад противпожарно возило, и покрај тоа што налетите на ветер достигнувале и до 180 километри на час.

Од противпожарната служба во Крк информираа дека ваквото однесување сериозно ја загрозува безбедноста, како на возачите, така и на службите кои интервенираат во екстремни услови. Сепак, во тој случај не биле пријавени последици.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryaevcubpcsme7eiIB0c6

Експлозија во Сплит: загина 72-годишен маж

Балкан | пред 15 часа

— реклама —
media-librarygapulmqav1kqebLs4VW

Евакуиран шопинг-центар во Осиек

Свет | пред 1 ден

Rucna-Bomba-kasikara-granata-620x350

Паника во Загреб: Закани за бомби ги испразнија училиштата

Балкан | пред 1 ден

media-library2er4ggg8j2al63QXMK7

(Видео) Хрватски град го освои „Daily Mail“: Плажи, култура и пристапни цени

Магазин | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања