Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

(ВИДЕО) Костадинов: Секој кој има какви било индиции за сторен криминал тоа да го пријави во надлежните институции

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Настани
kostadinov

Костадин Костадинов од СДСМ одговори на прашања за наводна поврзаност на „Меѓународен сојуз“ со случајот „Рекет“ и пишувањата на Геровски. Рече дека не треба да се базира на колумни и ги повика сите индиции за криминал да се пријават во надлежни институции. Тој потврди дека бил почесен член на „Меѓународен сојуз“, каде членувале и други јавни личности, но тврди дека немало индиции за незаконитости и дека стои на располагање на институциите. За домот за стари лица во Битола рече дека по основањето присуствувал на уште еден состанок и нема информации за понатамошни активности. СДСМ, според него, ќе се огради и ќе постапи ако се утврди одговорност, без разлика на член или функционер.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ одговараше на новинарски прашања. Во интерес на новинарите беше случајот „Рекет“, бараа информација за  градење на тој дом за пензионери, старечки дом во Битола и ред други. Во продолжение прашањата и одговорите.

— реклама —

П1: Имате ли коментар за пишувањата на Геровски за вмешаност на  “Меѓународен сојуз” со случајот “Рекет”?

— реклама —

Костадин Костадинов: Во оваа држава едно нешто е со сигурност загарантирано. Тоа е слободата на говор, слободата на изразување. Тоа можеме да го видиме и низ призмата на колумните. Секако, не можеме да се базираме на пишани колумни и со тоа, од партијата, од СДСМ, или без разлика од било која друга партија, да даваме соодветни коментари. Јас апелирам и повикувам доколку има било какви индиции, за прекршување на закон, за сторен криминал, соодветно да се пријави во надлежните институции за гонење на криминал. Доколку има, наш принципиелен став, како Социјалдемократски Сојуз на Македонија, дека ќе се оградиме, доколку во транспарентна постапка се утврди било каков сторен прекршок, секако дека ќе постапиме согласно законот и нормално, партиски, согласно Статутот на нашата партија.

— реклама —

П2: Колку што знаеме и вие бевте во тој “Меѓународен сојуз”, има ли некаква поврзаност со криминал, како што пишува Геровски?

Костадин Костадинов: Во тој тој “Меѓународен сојуз” како невладина, хуманитарна организација, сум бил учесник како почесен член, но добро е да се напомене дека таму членувале и поранешниот Амбасадор на Велика Британија, г-динот Чарлс Герет, таму членувал и нашиот познат кошаркар, Владо Илиевски, и многу други личности, за кои јас ве уверувам, дека во тоа време, не сме имале никакви индиции, дека некој од основачите на меѓународниот сојуз се обидува да стори криминал. Апсолутно го отфрлам сето тоа, а дополнително, доколку има било какви индиции, стојам на располагање на институциите кои што се надлежни.

П3: Имавте ли информации за некаква идеја за градење на тој дом за пензионери, старечки дом во Битола?

Костадин Костадинов: Од активностите на “Меѓународен сојуз”-Скопје, сум бил присутен на основањето и на уште еден состанок организиран од“Меѓународен сојуз”-Скопје. Од тогаш па натаму, не сме биле свикани ниту на еден состанок и јас не сум во тек, како почесен член, можеби од таа причина и не сум присуствувал на ниту еден друг состанок, ниту пак знам какви активности се договарале во рамките на невладината “Меѓународен сојуз”-Скопје.

П4: Се споменува вмешаност на членови на СДСМ, високо раководство. Планирате ли нешто да превземете?

Костадин Костадинов: Веројатно дека ова е сомнеж. Јас ги повикувам надлежните институции до крај да ја спроведат целата постапка, во транспарентна постапка. Доколку се утврди било каква одговорност, и од наш член, секако дека сме подготвени согласно и Декларацијата која што донесовме на последниот Централен Одбор и ја потпишавме  како Социјалдемократски Сојуз, апсолутно цврсто стоиме на ставот за бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот. Без разлика дали станува збор за член или функционер на СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања