Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

(Видео) Крмов бара одговор: Зошто Владата одбила бескаматен кредит од Кина и се задолжува поскапо кај Лондон?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-library1ei0q9f8o2tad4Au6Qq
YouTube/Print Screen

На седницата за пратенички прашања, пратеникот од Левица, Борислав Крмов, го упати своето прашање до министерот за транспорт и врски, Александар Николовски, барајќи одговор зошто Владата одбила бескаматен кредит понуден од Народна Република Кина и на брза лента се одлучила за заемот на Обединетото Кралство. Крмов потсети дека договорот со Обединетото Кралство, преку кој треба да се земе заем од околу 3,5 милијарди евра, сè уште не е објавен и дека според најавите кредитот е со камата меѓу 3 и 4,5%.

Со таков непромислен потег, како што посочи, државата ќе ја оштети сопствената економија за најмалку 850 милиони евра, а штетата може да достигне и милијарда евра.

— реклама —

Дополнително, Крмов нагласи дека најголемите светски економии, меѓу кои САД, Европската Унија и Обединетото Кралство, се меѓу најголемите корисници на кинески кредити: САД со над 200 милијарди долари, ЕУ со над 160 милијарди, а Обединетото Кралство со 60 милијарди евра.

— реклама —

„Дали мислиме дека тие земаат поскапи кредити од Кина одошто кредитот што тие ни го нудат нам?“ праша Крмов, посочувајќи дека Македонија изгледа како единствена земја без осет за национален интерес, која доброволно се откажува од најевтиниот капитал на светот. Крмов истакна дека никаков економски аргумент не ја оправдува одлуката да се одбие бескаматниот кредит. Тој укажа и на серијата чекори со кои Владата непотребно ја турка Македонија во конфронтација со Кина - од средби со претставници на Тајван, до приклучување кон критични изјави.

На крајот, пратеникот постави директно прашање до министерот Николовски: Дали Владата била присилена да прифати Македонија да биде пионче во геополитичките игри? Дали до толку немаме сенс? Или пак станува збор за страв од неуспех на зацртаните коруптивните зделки? Доколку не биле присилени, која е економската и политичката логика што стои зад одлуката да се прифати кредит кој ќе го чини македонскиот народ од 850 милиони до една милијарда евра повеќе?

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr05q2iu8g0lnaP5iM8w

Трамп вели дека САД пресретнале брод што носел кинески подарок за Иран. Реагира Пекинг

Свет | пред 16 часа

— реклама —
si-dziping2

Кина нуди помош за Африка поради последиците од војната со Иран

Свет | пред 21 час

nafta-696x465-1

Кина ги намали цените на горивата по падот на нафтата

Свет | пред 21 час

media-librarybnj6a4fjvvkua7zCKpX

Кинеските астронаути остануваат во орбита уште еден месец

Свет | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања