Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

(Видео) Маж бегаше од глутница кучиња која повторно се појави во Карпош 4, жителите стравуваат за безбедноста

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Скопје
media-librarygc872iaj0her6KOTKt0

Глутница бездомни кучиња повторно се движи низ населбата Карпош 4, и тоа во реонот кај Скопје Сити Мол, Тафталиџе 1 и Тафталиџе 2, како и во близина на мостот „Влајко“. Ова следува откако претходно, по поплаки од жителите, интервенираше ЈП Лајка со заловување на кучиња од овој дел на општината.

— реклама —

Жителите изразуваат загриженост, особено поради снимка на која се гледа како дел од кучињата се движат кон минувач на пешачката патека спроти трговскиот центар и лаат, по што тој со трчање бега. Дополнителен ризик, според нив, претставува фактот што во овој реон често се шетаат граѓани со своите домашни миленици, при што постои страв од можен напад.

— реклама —

Се појавија и сомневања дека кучињата повторно се донесени од друга локација, иако за тоа засега нема официјална потврда од надлежните институции.

— реклама —

Од Општина Карпош е побарано формирање кризен штаб и преземање конкретни мерки за трајно решавање на проблемот. Барањето го иницираше советничката група „Независни за Карпош“. Во текот на денешниот ден се очекува повторна интервенција на ЈП „Лајка“ на терен.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryibc9fg0j3r2g2mQX78i

Полициска акција во Карпош и Кисела Вода – приведени лица и десетици казни

Скопје | пред 2 дена

media-libraryuuns4c3b22emddJvjts

Општина Карпош со нов проект - фитнес и самоодбрана за жени и мажи

Скопје | пред 6 дена

media-libraryl5njgabklnkjdP6PzIo

Општина Карпош субвенционира купување на нови велосипеди

Скопје | пред 1 седмица

media-librarypinaq9vv1e5u3Ce2AG3

Акциска контрола во Карпош: Шест лица приведени

Скопје | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања