Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

(Видео) Мијовска Мојсова: Нема да дозволам Карпош да стане заложник на големи бизнис интереси

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Скопје
media-libraryfp9n23e5v163crEfq7m

Кандидатката за градоначалник на општина Карпош од СДСМ, Маја Мијовска Мојсова, на почетокот на изборната кампања ѝ се обрати на јавноста и на граѓаните на општината, истакнувајќи дека нејзината кампања ќе биде „едноставна, без навреди и без материјални оптоварувања“.

— реклама —

Таа нагласи дека нема да се обидува да ја добие поддршката преку поткуп со кафе, сендвичи или мали пакетчиња, туку преку директна средба и комуникација со граѓаните.

— реклама —
— реклама —

„Од мене треба да очекувате да бидам присутна во сите месни заедници, во секое маало, на сите места каде што се дружите, работите и го поминувате секојдневието. Ќе се видам со секој еден од вас, ќе го слушнам вашиот глас, вашите потреби и маки, а ќе ви ја претставам и мојата визија за Карпош“, изјави Мијовска Мојсова.

Во своето обраќање таа ги истакна инфраструктурните проекти, одржувањето на зелените површини, спортските терени и детските игралишта, како и редовното чистење и миење на улиците, дезинфекција на контејнерите и собирање на отпадот како основни приоритети.

„Како лекар, во мојата визија здравјето на граѓаните е најважно“, рече таа, додавајќи дека нема намера да дозволи големите бизнис интереси да надвладеат над хуманите потреби на жителите на општината.

Осврнувајќи се на анкети што биле објавени во изминатиот период, Мијовска Мојсова оцени дека тие се обидуваат да создадат впечаток дека изборите се непотребни, а истовремено ја критикуваше нивната тенденција да ја исклучат жената-кандидатка од изборната трка.

„Со самото тоа што се обидуваат да ме маргинализираат, овие ‘гладијатори’ само покажуваат колку е голем нивниот страв од мене“, истакна таа.

Мијовска Мојсова заклучи дека како кандидатка за градоначалничка на Карпош ќе се води од принципи на чесност, транспарентност и блискост со граѓаните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryibc9fg0j3r2g2mQX78i

Полициска акција во Карпош и Кисела Вода – приведени лица и десетици казни

Скопје | пред 2 дена

media-libraryuuns4c3b22emddJvjts

Општина Карпош со нов проект - фитнес и самоодбрана за жени и мажи

Скопје | пред 6 дена

media-libraryl5njgabklnkjdP6PzIo

Општина Карпош субвенционира купување на нови велосипеди

Скопје | пред 1 седмица

media-librarypinaq9vv1e5u3Ce2AG3

Акциска контрола во Карпош: Шест лица приведени

Скопје | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања