Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

(Видео) Олујата Кристин однесе пет животи и предизвика хаос во Португалија и Шпанија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-libraryl8vkd27kgg2adHYG4MT

Олујата Кристин ја погоди Португалија и Шпанија, однесе најмалку пет животи и предизвика големи нарушувања во сообраќајот и секојдневниот живот поради силниот ветер, снегот и обилните врнежи, соопштија во четврток властите на двете земји.

— реклама —

Во Португалија, загинаа пет лица, од кои четири во близина на градот Леирија во централниот дел на земјата.

„Oстанете во домовите и не возете по улиците“, рече во јавно обраќање командантот на локалната полиција, Домингос Урбано Антунес.

— реклама —

На подрачјето на Леира е регистриран удар на ветер од 176 километри на час, поради што е затворен поголем број училишта. Ветерот предизвика и значителна материјална штета, а без електрична енергија останаа околу 573.000 домаќинства, соопшти дистрибутерот Е-Редес.

На крајбрежјето е прогласен црвен аларм поради исклучително брановито море.

Во соседна Шпанија снегот и дождот во четврток го зафатија 71 пат, од кои 19 беа целосно затворени за сообраќај.

Предупредувања за опасни временски услови се издадени во 12 од вкупно 17 автономни покраини, а меѓу најзагрозените се јужните региони Андалузија и Мурсија, како и северните Галисија и Астурија.

Во Андалузија во последните два дена се регистрирани 2.505 инциденти, но без загинати.

„Ниту еден од нив не беше сериозен. Најчесто паѓаат дрвја или предмети од згради“, изјави Антонио Санз, одговорен за итни ситуации во регионалната влада, повикувајќи ги жителите на Андалузија на претпазливост.

Минатата недела дождот и снегот веќе го отежнуваа сообраќајот во Каталонија на североистокот на Шпанија, каде поради одрони и заштитен ѕид на железничките пруги дојде до две несреќи. Таму приградските возови не сообраќаа неколку дена.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library5hilsdv6em0n1VclMfb

Шпанија го обвини Израел за кршење на примирјето и меѓународното право

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
media-library8dj04sgisio52NpdMMr

Контролорите на летови во Шпанија стапуваат во штрајк од 17 април на неопределено време

Свет | пред 1 седмица

media-library7bhfilhab3q242gTs5q

Силни ветрови и опасни бранови ја зафаќаат Шпанија

Свет | пред 3 седмици

administracija

Шпанија воведува 35-часовна работна недела за државната администрација

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања