Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

(Видео) Потоп на Ибица – аеродромот поплавен, улиците претворени во реки

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
media-librarys9e9quejdcf09m7ImAJ

Екстремни врнежи предизвикаа поплави на Ибица, каде што е издадено највисокото, црвено предупредување за опасни временски услови. На социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа како улиците се претвораат во реки, водата продира низ покривот на аеродромот, а надојдените води носат автомобили. Туристите кои во овој период од годината ја избрале Ибица за помирен одмор сега сведочат дека клубови на плажите се целосно под вода.

— реклама —

Аеродромот на Ибица објави предупредување за неповолни временски услови, а неколку летови беа пренасочени кон други дестинации. Локалните медиуми јавуваат дека во градот Ибица настанал „целосен колапс на системот“. Централните делови на Санта Еуларја и патиштата буквално се споиле, а возилата едвај се движеле, ризикувајќи да завршат во морето.

— реклама —
— реклама —

Шпанската државна метеоролошка служба предупреди на „вонредна опасност“ од поплави и нагло покачување на водостојот. Итните служби се во состојба на целосна готовност. Покрај Ибица, во внатрешноста на Шпанија на сила се жолти предупредувања, а жителите на Валенсија добиле итни известувања да избегнуваат патувања, затворени се патишта, училишта, паркови и спортски активности.

Шпанскиот премиер Педро Санчез апелираше до граѓаните да бидат крајно внимателни. Националната управа за патишта побара возачите да се држат подалеку од погодените области во Валенсија и Кастељон, каде што поплавите веќе предизвикаа сериозни штети.

Паралелно со тоа, Велика Британија се подготвува за силни ветрови и обилни врнежи, бидејќи двата урагана Хумберто и Имелда преминуваат преку Атлантикот. Издадено е 37-часовно жолто предупредување за западна Шкотска, а метеоролозите предупредуваат дека некои села би можеле да останат отсечени. Можно е предупредувањето да се прошири и на поширок дел од Обединетото Кралство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

administracija

Шпанија воведува 35-часовна работна недела за државната администрација

Свет | пред 2 дена

media-libraryf5s0vviajggee65zqhg

Девојка од Шпанија, жртва на групно силување во детството, ќе биде доброволно евтаназирана

Свет | пред 3 дена

media-library7bhfilhab3q242gTs5q

Шпанија ги зголемува туристичките такси во Каталонија: ноќевањето во Барселона ќе чини до 7 евра

Свет | пред 5 дена

272830178_1209559049575814_490759206963925797_n

Војната ги менува туристичките текови: Се откажуваат аранжмани

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања