Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

(Видео) Пожарот во водениот парк во Шведска гори со денови, експлозии го уништија тобоганот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет
Screenshot-2024-02-15-at-09.11.57

Шведски пожарникари со денови се борат со пожарот во најголемиот забавен парк во земјата, во западниот град Гетеборг. Напорите за гаснење на пожарот беа отежнати поради опасноста од уривање на зградата, соопштија службите за итни случаи, пренесува АФП.

— реклама —

„Структурата е во пламен и не можеме да влеземе во некои делови од зградата за да се бориме со пожарот бидејќи ризикот од уривање е преголем“, соопштија од службите за итни случаи во Гетеборг.

— реклама —

Пожарникарите соопштија дека пожарот бил ставен под контрола во вторникот, но се разгорел во вечерните часови.

— реклама —

Пожарот избувна во понеделникот во водениот парк Океана во Гетеборг на југозападот на Шведска. Избувна во дел од паркот кој се уште е во изградба, а е дел од поголемиот забавен парк Лизеберг.

Од снимките од понеделникот се гледаа експлозии и огнени топки кои уништуваат дел од водениот тобоган. На снимките и фотографиите се гледа дека црн чад се издигнал над дел од градот.

Во пожарот исчезна едно лице, а полицијата соопшти дека 16 лица се полесно повредени и на ниту еден не му била потребна хоспитализација. Поведена е истрага поради крајно невнимание и повреда на работниот однос, соопшти полицијата.

Според шведскиот весник Dagens Nyheter, аквапаркот Океана со базен од 10.000 квадратни метри требаше да биде отворен кон средината на јуни. Засега нема информации дали водениот парк ќе се реновира.

https://twitter.com/herrnebel/status/1757014250613002575?s=61&t=QdPTp3EVILlRPBMHU_elRA

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

svedska

Шведска воведува мобилен систем за предупредување во случај на воздушни напади

Свет | пред 1 месец

svedska

Шведска испраќа моќен систем за противавионска одбрана на Украина

Свет | пред 1 месец

media-library58a43f3eh3v8ernCFdM

Шведска нуди „сопствен остров“ на користење, но не и на милијардери

Свет | пред 1 месец

grenland

Шведскиот министер Пал Јонсон: Трамп ја преувеличува заканата на Путин кон Гренланд

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања