Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

(ВИДЕО) Продавниците во Северна Митровица остануваат под клуч

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Свет
severna-mitrovica-prodavnica

Продавници, дуќани и трафики со стока за широка потрошувачка на северот на Косово се затворени во знак на протест поради трговската блокада и царината од 100 отсто кои Приштина ги воведе на стоката од Србија.

— реклама —

Граѓаните во последните денови правеа залихи, а претседателот на здружението на претприемачи на северот на Косово, Радош Петровиќ, кажа за РТС дека оваа мерка ќе биде на сила сѐ додека Приштина не ги укине царините.

— реклама —

„Предупредувавме дека не можеме да работиме вака со царините и еве што се случува. Додека се на сила царините, додека не можеме нормално да набавуваме стока и да работиме како нормалниот свет, ова ќе трае“, кажа Петровиќ за РТС.

— реклама —

Претседателот на Косово, Хашим Тачи изјави дека на северот на Косово нема хуманитарна криза, туку дека тоа е ,,импровизација на Србија за да ги претстави Србите од северот на Косово како жртви”.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања