Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

(Видео) Шокантен инцидент на Балканот: Автомобил однесен со петгодишно дете на задното седиште

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-libraryj2a7tf355eit6AeH9R8

Шокантна снимка од Балканот, на која се гледа како крадец краде автомобил во кој се наоѓа мало дете, ја обиколи јавноста и предизвика силни реакции. Инцидентот се случи во средата, на 4 февруари, во утринските часови пред една детска градинка во Унгарија.

Според информациите, таткото го оставил автомобилот со вклучен мотор и отклучен, додека го внесувал помалото дете во градинката. Во возилото, на задното седиште, останало постарото дете. Кога таткото се вратил, автомобилот и детето веќе ги немало.

— реклама —

Крадецот, како што се гледа на снимките од надзорните камери, се оддалечил со возилото, а неколку улици подалеку го извадил детето од автомобилот и го оставил само, по што продолжил да бега. Набргу потоа, во полицијата бил пријавен случај од страна на вработен во блиска продавница, кој известил дека кај нив се наоѓа дете без родители кое го бара својот татко.

На објавената снимка, која ја сподели Државниот секретаријат за внатрешна безбедност, јасно се гледа моментот на кражбата, а може да се слушнат и два аудиоснимки – на едниот таткото вознемирено зборува на телефон, а на другиот граѓанин пријавува дека пронашол дете кое тврди дека му е украден автомобилот.

— реклама —

„Ги носев децата во градинка и мојот син остана во автомобилот. Го зедов клучот, но некако го одвезоа автомобилот заедно со детето“, изјавил таткото, додавајќи дека неговиот син има пет години.

Полицијата подоцна го пронашла автомобилот и осомничениот околу 50 километри подалеку, на адреса во местото Ујшаш. Станува збор за 20-годишен маж кој пред полицијата давал противречни изјави, тврдејќи и дека возилото го купил на железничка станица за 50.000 форинти.

Осомничениот е приведен и против него е поведена соодветна постапка. Од полицијата повторно апелираа до граѓаните никогаш да не оставаат автомобил со вклучен мотор и отклучен, дури ни на кратко, предупредувајќи дека вакви ситуации можат лесно да завршат со трагични последици.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarymq408sfbvekv546rBpL

Нова унгарска влада: Ќе ги отвориме архивите на тајната полиција од комунизмот

Свет | пред 11 час

— реклама —
pukanje-meksiko

Уапсен најбараниот унгарски дилер: Работел како таксист во Мексико

Свет | пред 11 час

media-librarymq408sfbvekv546rBpL

Маѓар ги откри првите министри на новата влада

Свет | пред 2 дена

media-libraryv0255g2l3rfp9V5zNvl

Маѓар со убедлива победа: објавени се конечните резултати во Унгарија

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања