Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

(Видео) Студен бран во Полска: Најмалку 38 лица загинаа од хипотермија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
sneg-jkoreja

Заменик-министерот за внатрешни работи на Полска, Веслав Шчепански, изјави дека најмалку 38 лица починале од хипотермија во таа земја оваа зима, што е двојно повеќе во споредба со истиот период лани.

— реклама —

Шчепански додаде дека се чекаат обдукциите на уште две тела и дека бројот на починати од хипотермија би можел да се зголеми на 40, пренесува агенцијата ПАП.

— реклама —

Тој истакна и дека во истиот период 54 лица починале од труење со јаглерод моноксид.

— реклама —

Шчепански наведе дека припадниците на итните служби, меѓу кои и околу 8.600 полицајци, пребаруваат напуштени објекти и засолништа во потрага по луѓе кои бараат засолниште од студот.

Тој посочи дека низ целата земја се поставени специјални шатори со греење кои ќе работат 24 часа дневно, со цел да им се обезбеди засолниште на бездомниците.

Шчепански синоќа најави дека Полска ја очекува најстудената ноќ во годината и дека температурите во поголемиот дел од земјата ќе се движат меѓу 20 и 30 степени под нулата.

„Во Сувалки температурата може да падне и до минус 29 степени, но поради ветерот ќе се чувствува како минус 36 или 38“, изјави тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Polska-1

Полска го засилува надзорот на небото со нови радари поради растечките тензии во регионот

Свет | пред 1 седмица

media-librarytvufn0jg5e7eauQEGGj

Пoлска планира забрана социјални мрежи за деца под 15 години

Свет | пред 1 месец

media-library83lkert1v73neqXRUSk

Европа ги заострува препораките за патување во Иран: Доналд Туск предупреди на можен судир по засиленото американско воено присуство

Свет | пред 1 месец

media-libraryl5c356d7vgbtc4se1Qw

Дрон се урна во полски воен комплекс, започната истрага

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања