Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

(Видео) Војници на Украина спасуваа пациенти од болница, погодена од Русите - има загинат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-library98njc275q1o60fhU4Sc

Руската војска во текот на ноќен воздушен напад погоди болница во Киев, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски, наведувајќи дека има загинати и повредени, а пациентите морале итно да бидат евакуирани.

— реклама —

„Синоќа руската војска ‘погоди’ уште една болница – во Киев, со функционално болничко одделение. Пациентите мораа да бидат евакуирани. Има настрадани. За жал, едно лице го загуби животот. Изразувам сочувство до семејството и најблиските. Сите на кои им е потребна помош ја добиваат“, објави Зеленски на социјалната мрежа Икс.

— реклама —

Украинската Државна служба за вонредни ситуации соопшти дека при нападот избувнал пожар во медицински центар во округот Оболонски, во северниот дел на Киев. По гаснењето на пожарот, во објектот било пронајдено телото на едно лице. Според истите информации, една жена е повредена, а 25 лица биле евакуирани од зградата. Украинските власти наведуваат дека ова се, најверојатно, првите пријавени жртви од руски напади врз Киев од почетокот на годинава.

— реклама —

Во текот на ноќта Русија извршила напади и врз градови и населени места низ поширокиот киевски регион. Оштетени се станбени објекти и дел од клучната инфраструктура, а во округот Фастив, југозападно од Киев, загинал еден цивил, изјави гувернерот на регионот Микола Калашник. Тој додаде дека поради нападите, делови од регионот останале без електрична енергија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryq8kd7cf4684mfd6mYkY

Зеленски најави нова ера: Украина потпиша 10-годишни воени договори со заливските држави

Свет | пред 9 часа

ukraina-kiev-1

Смртоносни напади меѓу Русија и Украина: загинати цивили од двете страни

Свет | пред 2 дена

media-libraryat0lrpmbh2bj2vc69Kd

Зеленски: Нема услови за трипартитен состанок со САД и Русија

Свет | пред 2 дена

media-libraryj56fg38ofer7dCxtOxW

Девојката од Украина која барала помош пред маркети во Скопје, ги одбила сите видови понудена помош, објави украинското здружение во земјава

Скопје | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања