ТВ-презентерката и „најбрза жена на четири тркала во светот“, Американката Џеси Комбс (36) загина во несреќа во пустината Алворд во американската држава Орегон, додека се обидувала да го собори сопствениот рекорд. Комбс стана најбрзата жена на четири тркала во светот во октомври 2013 година, достигнувајќи брзина од 631 км на час додека возеше северноамерикански „Игл“ (НАЕ) суперсоничен брзински предизвик кој беше составен од остатоци од авион на марката „Локхид стартфор Ф-104“.
Деталите за несреќата не се познати.
„Нејзиниот сон беше да стане најбрзата жена на Земјата. Таа беше една од ретките храбри луѓе која сакаше да ги оствари соништата, возејќи се побрзо од било која друга жена во светот“, објави нејзиното семејство.
Џеси Комбс соработуваше со бројни емисии, а имаше и неколку свои телевизиски шоуа.