Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

(ВИДЕО) Жарко Паспаљ: Од овде треба сите да си заминат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Магазин
paspalj

Прославениот југословенски и српски кошаркар, Жарко Паспаљ, повторно стана ѕвезда на социјални мрежи откако тој преуреди запуштен заеднички двор меѓу згради на Врачар во Белград, претворајќи го во кошаркарски терен, објави магазинот „Време”.

— реклама —

Говорејќи за недостаток на солидарност во општеството, Паспаљ вели дека „можеме да разговараме – да ги обвиниме Милошевиќ, Вучиќ, Тадиќ или Коштуница, секој што е на власт последните 30 години, но ајде да почнеме од себе“, вели тој.

— реклама —

„Беше тешко и за мене, кога го работев игралиштето во напуштениот двор, станувајќи секое утро во 6 часот и доаѓав со нови идеи за тоа како да го направам овој обичен двор да изгледа што е можно поубаво, секогаш во исчекување дека – сега ќе дојде некој. Но, не дојде“, вели Паспаљ. „Ти доаѓа лутина, велиш, чекај, што е ова кај луѓето, знаете дека ве гледаат, гледаат некој кретен кој имал четири срцеви удари и шлог како самиот работи во заеднички двор, и најверојатно се прашуваа што тој прави. И вие велите за себе, тој го прави тоа затоа што има некаква корист. Ете тоа е тоа“, огорчено раскажува Паспаљ.

— реклама —

Тој даде и свој коментат за масовното заминување на младите луѓе од Србија. Вели дека „сите треба да си заминат“. „Последица ќе биде конечното распаѓање на оваа земја. Никој нема да остане и тоа е тоа“, вели Паспаљ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања