Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Викендов започнува летното сметање на времето

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 дена -

Македонија
zimsko-letno-smetanje-na-vremeto-960x639-1

Викендов започнува летното сметање на времето, што значи дека граѓаните ќе „изгубат“ еден час сон. Во недела, на 29 март, во 02:00 часот по полноќ, стрелките на часовникот се поместуваат еден час напред, односно на 03:00 часот.

— реклама —

Со оваа промена официјално започнува периодот на подолги денови, при што светлиот дел од денот се продолжува во попладневните и вечерните часови. Летното сметање на времето ќе трае до крајот на октомври, кога часовниците повторно ќе се вратат еден час назад.

— реклама —

Иако промената има за цел подобро искористување на дневната светлина и потенцијално намалување на потрошувачката на електрична енергија, кај дел од граѓаните може да предизвика краткотрајни нарушувања на биоритамот, како замор, намалена концентрација и проблеми со спиењето.

— реклама —

Експертите препорачуваат постепено прилагодување на дневните навики, особено во однос на времето на легнување и будење, со цел полесно адаптирање на новиот режим.

Промената на времето е практика што се применува во повеќе европски земји, иако веќе подолг период се водат дебати за нејзино евентуално укинување. Сепак, до донесување конечна одлука на ниво на Европската Унија, оваа практика останува на сила.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања